Одмор или кошмар

 Хотелиерите на охридско-струшката ривиера се грижат за безбедноста на гостите, но не зависи се од нив.

 |  Јаковлева Лионела  | 
плостад
plo[tad

Годишниот одмор од задоволство може да се претвори во кошмар. На туристите кои доаѓаат да одмараат на охридско-струшката ривиера им се препорачува добро да се грижат за своите лични предмети. Хотелиерите од Охрид и Струга тврдат дека ги превзеле сите мерки за гостите ова лето да имаат што побезбеден одмор. Гоце Тасески од хотелот „Инекс Горица“ вели дека во нивниот хотел поставени се безбедоносни камери како би ги заштитиле гостите од крадците, но потенцира дека и гостите треба да се едуцираат како самите да се зштитат од опасностите кои ги демнат.

Според податоците со кои располага СВР Охрид минатата туристичка сезона во охридско-струшкиот регион биле извршени вкупно 112 кривични дела кражба. Во однос на 2010 кога имало 150 кражби бројот е намален. Само мал дел од овие кражби се извршени во хотелските објекти или на плажа. Само за пример минатото лето имало 16 кражби во хотелите и на плажите. Претставниците на ХОТАМ и БАХА (балканска асоцијација на хотели и агенции) велат дека безбедноста во Р.Македонијturistiа е на високо ниво и тоа од сите аспекти. Тие потенцираат дека гостите се максимално безбедни од влегувањето во државава па се до нејзиното напуштање. Но, задоволни се што хотелиерите покажаа голем интерес и присуствуваа во голем број на предавањето на тема „Превенција за поголема безбедност во туризмот“. Целта на ова едукативно предавање беше да се препознаат безбедносните ризици, а надлежните што почесто да ги практикуваат  принципите на основната безбедносна култура. Да се надеваме дека со ваквите средби ќе се постигне саканиот ефект бидејќи на терен сликата и не е така розева. Во лето Охрид е примамлива дестинација не само за туристите туку и за крадците од цела Македонија . Тие оперираат најчесто на плажите и по становите каде се сместени туристите. Минатата година двајцата Срби се испекоа останувајќи без своите мобилни телефони и без пари по што изјавија дека повеќе никогаш нема да летуваат во Охрид.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top