Ознака: садници

parkce

Градот хортикултурно се уредува

Post Views: 9 Се уредуваат зелените површини во градов. Директорката на ЈП „Комуналец“, Елена Скрческа вели дека иако не е нивна обврска си поставиле задача хортикултурно да уредат четириесет качиња во градов. Денес се дотеруваше паркот кај згарадата на Ремис кој години наназад беше запоставен. Се  посади трева, трендафили и палми, а се исчисти и шутот кој беше расфрлан. Скрческа ветува дека ќе се посвети внимание и на периферните делови од градот, а централното градско подрачје ќе се  поднови со нови цветни садници и дрвца. Веќе  се оплемени просторот околу чинарот, а се садеше и...

Continue reading

drvce

На кого му пречат младите дрвца на улицата „Марко Цепенков“?

Post Views: 7 Повеќе од една година Младите садници на ул.„Марко Цепенков“, систематски се уништуваат од страна на вандалите и покрај напорите кои Ј.П. „Охридски Комуналец“ ги прави за зазеленување на тротоарите од оваа многу прометна улица. Службите на Комуналец, во неколку наврати ги обновуваа искршените садници, но повторно на самиот почеток од годинава, 5-6 стебла беа искршени. Оние садници кои успеаа да ја преживеат претераната „грижа“ на вандалите, беа дополнително фиксирани за потпорни дрвени столбови. Но, по се изгледа и тоа не беше доволно за спас на младите садници.   Само...

Continue reading

drvce

Охриѓани засадија здравје и здрава иднина

Post Views: 1 Охриѓани денес ја засадија својата здрава иднина. Поголем број на граѓани, претставници од јавни претпријатија, професори и ученици денес го збогатија и облагородија местото викано „Мазатар“ во Горно Лакочереј, во непосредна близина на прекрасниот манастир „Свети Спас“. „Денеска садиме на местото кај манастирот „Свети Спас“ на површина од околу 3 хектари со садници од кедар и албиција. Овие услови се добри моментално, одговараат, има влага, не е проблем никаков за прифаќање на садниците.“-вели Зоран Жилески од ЈП „Македонски шуми“. На „Мазатар“ садеше и државниот секретар...

Continue reading

palma

Со 8 илјади садници ќе се пошуми Охрид

Post Views: 1 Градоначалникот Никола Бакрачески, првите луѓе на охридските универзитети, претставници од Локалната самоуправа, од денес ја започнаа промотивната кампања на акцијата „Ден на дрвото-засадија својата иднина“. На потегот кај Холандскиот парк беа засадени првите десеттина палми од предвидените 70 кои треба да го красат централното градско подрачје. Првиот човек на градот ги повика охриѓани масовно да земат учество во акцијата  и укажа на придобивките од пошумувањето за здравјето на луѓето, животните и целиот биосвет. „Ние како општина Охрид од денес активно се вклучуваме...

Continue reading

palma

Засадени неколку палмини стебла од предвидените сто

Post Views: 3 На охридското крајбрежје денес беа посадени  неколку палми.  Младите стебла се дел од 100-тината палми кои треба да бидат засадени на повеќе локации во Охрид. Стеблата ги посадија  Градоначалникот Никола Бакрачески и директорот на Македонски шуми Жарко Караџоски. Градоначалникот Бакрачеси со оваа акција наговестува повеќе зеленило во градот.   „ Со што сметаме дека е даден придонес за хортикултруно уредување и разубавување на централното градско подрачје. Ова е еден почеток кој во иднина со Македонски шуми ќе спроведуваме активности заедно со ЈП Комунално за хортикултурно...

Continue reading

палма

Стотина палми ќе бидат засадени на охридскиот кеј

Post Views: 2 Охридскиот кеј ќе биде хортикултурно оплеменет со уште сто нови палмини садници. Во 2014 година се планира да се посадат уште стотина ама на која локацијата засега не е прецизирано. Садниците на егзотичното дрво се од истиот вид на палми кои ги има на охрискиот кеј. Станува збор за  домашно производство на палми  високи 2,5 метри, информира помошникот директор на ЈП Македонски шуми, Игор Лазаровски. „ Веќе има успешен пример на прием на палмите на кејот. Трите се од истиот вид влакнести палми кои планираме да се засадат и  се најотпорни на минусни температури. Предност...

Continue reading

Технички пропуст ќе ја остави Железничка без зеленило

Post Views: 0 Технички пропуст ќе ја остави  Железничка без хортикултурно уредување. На оваа нова градска сообраќајница, покрај тоа што беа изградени жардињери со лош квалитет на кои бетонот почна да се  распаѓа, нема и приклучок за вода. Таквиот пропуст не дозволува појасот на коловозот да биде оплеменет со зеленило, информира директорт на ЈП Комуналец Сашо Алче. „Железничка ние проблематична затоа што инвеститорот на оваа сообраќајница не испланирал воопшто систем за наводнување. Од тие причини ние се соочуваме со реален проблем нема вода за да се наводнуваат  жардињерите“. Работници...

Continue reading

sadenje drvca

Месноста Мауцкер доби нови дрвца од акцијата Ден на дрвото

Post Views: 10 И во Охрид се засадија дрвца. Десетти пат по ред, подмладок беше посаден во месноста викана „Мауцкер“ на излезот од Охрид. Во акцијата подадоа рака волонтери, граѓани но и функционерите од ВМРО-ДПМНЕ кои потекнуваат од охридско. „Основната поента е да ја разелениме Македонија и да дадеме можност на нови дрвца да растат во иднина. Оваа акција е од исклучително значење затоа што вака ние ставаме до знаење дека сепак иднината ни е важна и слоганот на денешниов ден е „Спортски е да се сади“, така да во тој дух денеска ние сме тука да ја засадиме својата иднина.“-вели Сашо...

Continue reading

katalog drvca

Еко-свест од најмала возраст

Post Views: 1 Човекот најдобро учи од природата. Слично како дрвцето јасен кое како семка сме го засадиле, така и еко-свеста на децата се засадува во најраната возраст. Тоа добро го знаат основците од „Христо Узунов“ кои денес садеа семки јасеново дрво. „Прво се зема пластичен сад, и се става подлога на дното. Се прават неколку дупчиња, се става еден сантиметар песок во саксијата, а над неа ровка земја. Ја притискаме малку земјата па со остар предмет правиме дупка од 2-3 сантиметри. Во дупката ја ставаме семката јасен и ја покриваме со земјата.“-токму вака дечињата внимателно ни раскажаа...

Continue reading

den na drvoto

Пролетва нема „Ден на дрвото“

Post Views: 14 Оваа пролет по се изгледа ќе мине без очекуваната акција „Ден на дрвото“. На крајот на месецов или почетокот на идниот, Македонија требаше да засади околу две милиони садници со што би се заокружила бројката од 30 милиони дрвца засадени од почетокот на оваа акција пред 4 години. Сепак иако најавена, акцијата беше презакажана за наесен. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во нивното соопштение како причина за откажувањето на акцијата ги наведуваат високите температури и наглото топење на снегот. По консултации со стручни лица од областа, министерството...

Continue reading

cveka

Охрид град на цвеќето

Post Views: 7 Трендафилите се враќаат во Охрид. Дел од граѓаните на Охрид, навраќајќи се во спомените, велат дека трендафилите како препознатлив декор на градов од минатото многу им недостасуваат. Разнобојните садници од ова цвеќе редовно се наоѓале на фотографиите на охриѓани и бројните туристи. Трендафилите посебно беа карактеристични за паркот околу споменикот на Св Наум. Одговорниот на паркови и зеленило во ЈП „Охридски Комуналец“, Трајан Љаткоски, кажа дека ќе има обновување со садници на трендафили но на други парковски површини. Тој смета дека сегашниот изглед на паркот кај...

Continue reading

lipi

Липите потенцијална бомба

Post Views: 1 Обвинувањата дека се уништува градското зеленило не држат тврди првиот човек на ЈП „Охридски Комуналец“,  Сашо Алчев, по сечата  на 24 липи од дрворедот на улицата Димитар Влахов. Дрворедот ќе се обнови со нови садници од видот јапоникум лигуструм. Стручните лица појаснуваат дека стеблата за две години  ќе формираат крошни и ќе прават сенка како и липите.  Алчев, пак  вели дека на потегот од гимназијата до општинската зграда ќе се засадат нови 44 стебла на зимзелени дрвја. Кореновиот систем на липите правеше оштетување на подземните водови и тротоари, а  дрвјата предизвикуваат...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top