Градот хортикултурно се уредува

Градот хортикултурно се уредува.Четириесет катчиња ќе прераснат во убави паркчиња.

 |  Јаковлева Лионела  | 
parkce
паркче

Се уредуваат зелените површини во градов. Директорката на ЈП „Комуналец“, Елена Скрческа вели дека иако не е нивна обврска си поставиле задача хортикултурно да уредат четириесет качиња во градов. Денес се дотеруваше паркот кај згарадата на Ремис кој години наназад беше запоставен. Се  посади трева, трендафили и палми, а се исчисти и шутот кој беше расфрлан. Скрческа ветува дека ќе се посвети внимание и на периферните делови од градот, а централното градско подрачје ќе се  поднови со нови цветни садници и дрвца. Веќе  се оплемени просторот околу чинарот, а се садеше и на кејот. Ќе се прави мини парк и на улицата Никола Карев на пресекот со улицата Асном. Директорката кажа дека ќе се разубавуваат и паркчињата во руралните средини.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top