Пролетва нема „Ден на дрвото“

Ќе изостане пролетното садење на дрвца.

 |  Мишел Наумоски  | 
den na drvoto
ден на дрвото

Оваа пролет по се изгледа ќе мине без очекуваната акција „Ден на дрвото“. На крајот на месецов или почетокот на идниот, Македонија требаше да засади околу две милиони садници со што би се заокружила бројката од 30 милиони дрвца засадени од почетокот на оваа акција пред 4 години. Сепак иако најавена, акцијата беше презакажана за наесен. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во нивното соопштение како причина за откажувањето на акцијата ги наведуваат високите температури и наглото топење на снегот. По консултации со стручни лица од областа, министерството заклучило дека се поминати идеалните рокови за садење на млади садници поради снежната зима.
sadnica drvo

Ова е пределот кој изминативе неколку години Охриѓани редовно го засадуваа со нови садници. Сепак пролетва, Мауцкер нема да добие подмладок.
На Охриѓани по се изгледа ќе им недостига пролетното засадување. Еве што тие мислат за акцијата „Ден на дрвото“.

„Не само што треба да продолжи туку треба и да се надгради. Треба и да се сопре со незаконското сечење на дрвата овде низ градов. Одлична е акцијата и треба да продолжи.“
„Се што е убаво треба да продолжи, ова е одличен потег на владата.“
„Јас мислам дека е доволно садење на дрва“-велат дел од Охриѓани.

Иако голем дел од засадените дрвца во рамки на оваа акција воопшто не пркнаа, сепак се чини дека граѓаните стекнаа навика овој период од годината да ја засадуваат својата иднина. Овој пат, иднината ќе почека малку, до наесен. Ако сте пак сериозно зелено расположени, самоиницијативно засадете си дрвце, колку да се одбележи.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top