Стотина палми ќе бидат засадени на охридскиот кеј

Стотина палми ќе бидат засадени  на охридскиот кеј.

 |  Валентина Неловска  | 
палма
палма

Охридскиот кеј ќе биде хортикултурно оплеменет со уште сто нови палмини садници. Во 2014 година се планира да се посадат уште стотина ама на која локацијата засега не е прецизирано. Садниците на егзотичното дрво се од истиот вид на палми кои ги има на охрискиот кеј. Станува збор за  домашно производство на палми  високи 2,5 метри, информира помошникот директор на ЈП Македонски шуми, Игор Лазаровски.

„ Веќе има успешен пример на прием на палмите на кејот. Трите се од истиот вид влакнести палми кои планираме да се засадат и  се најотпорни на минусни температури. Предност е тоа што кај постарите садници нема да има потреба од заштита на минусни темпретаури. Додека помладите палми ќе мора да се заштитуваат со најлони“.
 
палмаЗасадувањето на палмите  во Охрид ќе биде во рамките на акцијата „Ден на дрвото“. Палмините садници ќе бидат насадени веднаш по првиот есенски дожд и создавање на поволни климатски услови. Заради специфичноста на садниците нив нема да ги садат граѓаните туку стручни служби од комуналното јавно претпријатие, укажува Лазаровски.

„ Заради  видот на садниците засадувањето е  покомплицирано и палмите бараат поголем третман. Заедно со Локалната самуправа, јавното комунално претпријатие и наши стручни лица ќе присуствуваат на засадувањето. Граѓаните, пак  традиционално на Денот на дрвото заедно со подружницата Галичица на Македонски шуми  ќе учествуваат во поширока работна акција на пошумување на други локалитети.“

Од ЈП Македоски шуми најавуваат дека во околината на Охрид на повеќе локации  ќе бидат засадени и стебла со листопадни и зимзелени садници. ЈП располага со 6 милиони садници од сопствено производство, информира Лазаровски.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top