Ознака: Ристеска

Се интензивираат уписите во градинката „Јасна Ристеска“

Post Views: 8 Од денес се интензивираат уписите во градинката „Јасна Ристеска“. Повеќе од 140 деца се заинтересирани да бидат згрижени во оваа прдшколска установа. Поради големиот број на деца градинката поднесе барање до Локланата  за зголемување на бројот на групите за по пет деца за да може да им се излезе во пресрет на родителите. Во градинката се запишани вкупно 720 деца и тоа во петте објекти со кои располага Јасна Ристеска. Во централниот објект престојуваат 200 деца. За нив сеуште е неизвесно каде ќе бидат згрижени од септември бидејќи во овој објект од средината на јуни се...

Continue reading

Се уништуваат дворовите на градинката „Јасна Ристеска“

Post Views: 1   Дворните места од објектите на градинката „Јасна Ристеска“, мета на несовесни граѓани. Од градинката се жалат дека најверојатно малолетници бесправно влегуваат, се задржуваат и ги користат дворните површини од објектите на градинката, особено во попладневните и вечерните часови, а притоа прават штета на имотот на градинката. Ги кршат оградите, ги оштетуваат и уништуваат детските игралишта, се качуваат на покривите од објектите, расфрлаат отпадоци од секаков вид во тревниците, ги уништуваат градините, кршат гранки и ги корнат посадените растенија од страна на децата....

Continue reading

Се реконструира централната зграда на ЈОУДГ„Јасна Ристеска“- Охрид

Post Views: 8 Поради обеми градежни активности, од денес децата кои се згрижени во објектот на Централна градинка ЈОУДГ„Јасна Ристеска“- Охрид, ќе бидат префрлени во објектот „Лихнида“ на улица „Билјанини извори“ бб. кај Расадник. Родителите на децата кои ја посетуваат оваа градинка, во повеќе наврати реагираа преку медиумите дека покривот на објектот на централната градинка е во лоша состојба и протекува. Од денес започнува реконструкцијата на покривот, како и топлотната излолација на прозорците и вратите. Како што информираат од градинката, објектот ќе биде уреден по системот за...

Continue reading

250 дечиња од градинката „Јасна Ристеска“ го завршуваат своето предшколско образование

Post Views: 3 250 дечиња од градинката „Јасна Ристеска“ го  завршуваат своето предшколско образование. Денес со приредба на која учествуваа децата од највисоките групи, но и оние од пониските, градинката ги испрати во ново поглавје од нивниот живот. Тие од наесен започнуваат да учат во некое од охридските основни училишта и полека ама сигурно зачекоруваат во светот на возрасните. Оваа завршна приредба колку што е свечена толку е и тажна за нас и нашиот персонал но и за дечињата . Тие веќе завршуваат со своето безгрижно детство и од наесен започнуваат во прво оделение. Голем дел од...

Continue reading

Во градинката „Јасна Ристеска“ нема можност за полудневен престој на децата

Post Views: 17 Во градинката „Јасна Ристеска“ нема можност за полудневен престој на децата. Дел од родителите реагираат на тоа објаснувајќи дека не се во можност своите деца да ги оставаат на целодневен престој до 15 или 16 часот и бараат да им се излезе во пресрет. Директорката на градинката Розе Костоска кажува дека оваа предшколска установа нема просторни можности за да формира групи на деца кои ќе се само во полудневен престој, но вели дека се изнаоѓаат начини децата да се згрижени само половина ден, а родителите да не се финансиски оштетени. Има родители кои своите деца ги носат...

Continue reading

deca

Охриѓанчињата од градинката Јасна Ристеска го поздравија доаѓањето на пролетта

Post Views: 0 Со весела песна и игра над 500 охриѓанчиња го поздравија доаѓањето на пролетта. На првиот пролетен ден децата од градинката Јасна Ристеска  облечени во пригодни маски. На градскиот плоштад  се чуствуваше радоста и раздвиженоста која доаѓа со пролетта. Програмата ја следеа голем број родители, баби  и дедовци, братчиња и сестричиња, кои уживаа  како нивните најмили  танцуваат и пеат, прикажувајќи  што научиле од своите  наставнички во градинките каде што престојуваат.  На манифестацијата учествуваа дечиња на возраст од 4 до 6 години, истакна  Роза Костоска директор на...

Continue reading

Во градинката „Јасна Ристеска“ ќе се вршат систематски прегледи на видот на дечињата

Post Views: 0   Во градинката „Јасна Ристеска“ ќе се вршат систематски прегледи на видот на дечињата од три до шест годишна возраст. Овај проект се спроведува во соработка со Министерството за труд и социјална политика, а потребата за вакви прегледи се јавила од фактот што се поголем процент од децата уште во најмала возраст имаат проблеми со видот. После 16 ти февруари треба точно да се определи во кои денови ќе се вршат прегледите за да можат родителите да донесат здравствени книшки, но и да ги подготват своите деца доколку кај нив се воочи некаков проблем. И за возрасните носењето...

Continue reading

Завршен хепенинг на дечињата од Јасна Ристеска

Post Views: 2 Не постои поубаво чувство од искрена детска насмевка. Дечињата од Охридската градинка „Јасна Ристеска“ и годинава на градскиот плоштад се забавуваа, пееја, играа. Малите Дедо Мразовци, принцезата Елса, самовили, срнички, беа најчестите ликови кои ова пладне можеше да ги регистрира нашата камера. Неколку нивни слатки зборови и  инсерти навистина ќе ви ги стоплат срцата. Денешниот ден е посветен на среќата , радоста и убавината, вели директорката Розе Костеска. И таа денес заедно со сите дечиња учествуваше на завршниот хепенинг.  „Како што доаѓа од година во година желбите...

Continue reading

patronat

Дечињата од градинката „Јасна Ристеска“ со прекрасни кореографии, песни и танц го одбележаа својот патронат

Post Views: 0 Песни, танц, игри, кореографии, се во знакот на татковината…Црвената и жолатата боја буквално го обоија теренот во спортската сала „Билјанини Извори“, а сите родители, претставници од јавни претпријатија, политичари, граѓани можеа да уживаат во колоритната претстава на малите дечиња. 250 на број, дечињата и самите уживаа во претставата која тие ја приредија, а која никого во публиката не остави рамнодушен. Со свој придонес во големата свеченост учествуваа и средношколците од “Нико Нестор” од Струга кои се претставија со прекрасни народни носии од охридско-струшкиот...

Continue reading

Бесплатни курсеви по англиски јазик за децата од градинката „Јасна Ристеска“

Post Views: 2 230 деца од градинката „Јасна Ристеска“ бесплатно ќе учат англиски јазик. Веќе втора година градинката заедно со образовниот центар „ПИ СИ“ организираат бесплатни часови за дечиња од пет и шест годишна возраст. Минатата година проектот бил спроведен со една наставничка и часови посетувале само 100 деца од три групи, но поради големиот интерес кај родителите оваа година бројот на деца кои учат англиски јазик е зголемен. Оваа година им излеговме во пресрет на родителите кај кои што имаше интерес за нивните деца да го изучуваат англискиот јазик. Ангажирана е уште една учителка...

Continue reading

gradinka

Градинката „Јасна Ристеска“ доби зелено светло за формирање на групи со поголем број на деца од законски предвидениот

Post Views: 3 Во градинката „Јасна Ристеска“ ќе може да се формираат групи со помал односно поголем број на деца од законски предвидениот. Ваква одлука беше донесена на последна седница на Советот на општина Охрид, а на предлог на раководството на градинката.  Опозицијата беше воздржана во гласањето на предлог одлуката бидејќи велат дека ги разбирале и родителите, но според нив во објектите на „Јасна Ристеска“ во моментов веќе се згрижуваат 347 дечиња повеќе од предвиденото. Советничката од редовите на опозицијата, Оливија Јанева-Пирузева смета дека станува збор за големо отстапување...

Continue reading

Донација од маси и столчиња за градинката „Јасна Ристеска“

Post Views: 1 19 маси и 34 столчиња ги збогатија просториите на градинката „Јасна Ристеска“. Охриѓанката, Мирка Милеска која долги години живее и твори во Холандија, по втор пат за само неколку дена со своја донација ги потпомага охридските воспитно-образовни институции. Според Розе Костеска, директорка на градинката „Јасна Ристеска“, донацијата е повеќе од добредојдена. „Нејзиниот ентузијазам за помагање и оваа денешна донација не е за прв пат, таа во повеќе наврати помагала во нашата република, особено во Охрид од каде што потекнува и се надеваме дека оваа наша соработка ќе продолжи...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top