Во градинката „Јасна Ристеска“ нема можност за полудневен престој на децата

Градинката „Јасна Ристеска“ нема просторни можности за да формира групи на деца кои ќе се само во полудневен престој. Но им се излегува во пресрет на родителите кои имаат таква потреба. Се изнаоѓаат начини и за финансиско олеснување на родителите  доколку детето е отсутно повеќе од пет дена.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Во градинката „Јасна Ристеска“ нема можност за полудневен престој на децата. Дел од родителите реагираат на тоа објаснувајќи дека не се во можност своите деца да ги оставаат на целодневен престој до 15 или 16 часот и бараат да им се излезе во пресрет. Директорката на градинката Розе Костоска кажува дека оваа предшколска установа нема просторни можности за да формира групи на деца кои ќе се само во полудневен престој, но вели дека се изнаоѓаат начини децата да се згрижени само половина ден, а родителите да не се финансиски оштетени.

Има родители кои своите деца ги носат полудневно. И тие ја плаќаат целосната сума за згрижување но затоа и децата кои се  со полудневен престој добиваат три оброци доручек, прва ужина и ручек, а втората ужина им се дава во рака, објаснува  Костеска.

Единствено што на децата кои се со полудневен престој им се скратува спиењето бидејќи родителите ги земаат околу 12.30-13 часот. До овој временски интервал сите деца веќе се ручани. Костоска признава дека на почетокот имале реакции од некои родители, но го прифатиле овој начин на работа на градинката. Доколку поголем дел од децата се со полудневно престојување тогаш градинката ќе нема економска оправданост бидејќи режиските трошоци како што се за струја и вода се исти и кога поголемиот дел на деца се со целодневен престој и кога се со полудневен. Затоа сите родители плаќаат иста сума, а тоа е 1490 ден. месечно. Овој износ за згрижување во градинката не е променет цели 12 години. Помала сума се плаќа само ако детето е подолг временски период отсутно.

Доколку детето е отсутно до пет дена се плаќа истата сума. Ако отсуствува повеќе од пет дена за секој ден кога не е во градинка плаќа само режиски трошоци и сумата се намалува, објаснува Костеска.

Уплатниците се доставуваат до петти во месецот со можност за плаќање до 20ти истиот месец. Ако детето отсуствувало, а сумата веќе била предвреме платена им се одбива од наредната сметка. Оваа пракса се применува со цел родителите да не бидат оштетени, а и градинката да може да ја обавува својата дејност.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top