Бесплатни курсеви по англиски јазик за децата од градинката „Јасна Ристеска“

Беслатни курсеви по англиски јазик за децата од градинката „Јасна Ристеска“. Овој проект градинката го реализира во соработка со образовниот центар „ПИ СИ“. Децата и родителите се презадоволни од оваа иницијатива.

 |  Лионела Јаковлева  | 

230 деца од градинката „Јасна Ристеска“ бесплатно ќе учат англиски јазик. Веќе втора година градинката заедно со образовниот центар „ПИ СИ“ организираат бесплатни часови за дечиња од пет и шест годишна возраст. Минатата година проектот бил спроведен со една наставничка и часови посетувале само 100 деца од три групи, но поради големиот интерес кај родителите оваа година бројот на деца кои учат англиски јазик е зголемен.

Оваа година им излеговме во пресрет на родителите кај кои што имаше интерес за нивните деца да го изучуваат англискиот јазик. Ангажирана е уште една учителка и опфатени се сите групи во кои има деца на предучилишна возраст. Проектот не е спроведен само во објектите на градинката кои се во руралните средини, вели Розе Костоска, директорката на ЈОУГД „Јасна Ристеска“.

Овој проект чини 2000 евра. Часовите се одржуваат еднаш неделно во среда и траат по 20 мин. Во групите има од 15 до 20 деца.  Од образовниот центар „ПИ СИ“ велат дека за да го реализираат овој проект ги поттикнало тоа што многу деца уште од најмали нозе сакаат да го изучуваат англискиот јазик и се запишуваат по приватните училишта.

Голем интерес има кај децата. Ние сме презадоволни од соработката. Наставата се одвива интерактивно, учат да бројат, ги учат боите , знаат многу песнички. Ова е многу добро искуство за нив, а и растеретување на родителите бидејќи курсевите се бесплатни, вели Татјана Димоска- директор на образовниот центар „ПИ СИ“.

Соработката помеѓу образовниот центар „ПИ СИ“ и градинката „Јасна Ристеска“  и понатаму продолжува. Се размислува и за некои други заеднички проекти кои пред се ќе се во интерес на децата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top