Се интензивираат уписите во градинката „Јасна Ристеска“

Се поголем е бројот на дечиња кои сакаат да бидат згрижени во градинката „Јасна Ристеска“. Од денес започнуваат да се формираат новите групи. Во централната градинка забрзано работат на завршувањето на реконструкцијата на објектот како од први септември би можеле да ги примат новите дечиња, но и оние кои и претходно беа згрижени во овој објект.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Од денес се интензивираат уписите во градинката „Јасна Ристеска“. Повеќе од 140 деца се заинтересирани да бидат згрижени во оваа прдшколска установа. Поради големиот број на деца градинката поднесе барање до Локланата  за зголемување на бројот на групите за по пет деца за да може да им се излезе во пресрет на родителите. Во градинката се запишани вкупно 720 деца и тоа во петте објекти со кои располага Јасна Ристеска. Во централниот објект престојуваат 200 деца. За нив сеуште е неизвесно каде ќе бидат згрижени од септември бидејќи во овој објект од средината на јуни се вршат обеми градежни активности па децата беа префрлени во објектот „Лихнида“.

Се надеваме дека од први септември ќе успееме да ги згрижиме децата во овој објект, но ако не ги завршиме предвидените зафати благовремено ќе ги информираме родителите. Зависи од временските услови со која динамика ќе се одвиваат работите. Веќе 70% од зафатите се завршени, но излегоа и непредвидени работи кои ни одзедоа дополнително време, вели директорката Розе Костоска.

Дограмата во административниот дел е веќе сменета, а започнаа зафати и за промена на дограмата во занималните. Се санира и канализационата мрежа на санитарните јазли во стариот дел од објектот. Се постави и инсталација за топла и ладна вода се поставија и плочки па деновиве ќе се става и санитаријата. Промената на канализационата мреже била неопходна бидејќи повеќепати во градинката се случувала хаварија и поради тоа се појавувала влага, а имале и голема загуба на вода. Еден од поголемите зафати на објектот беше и промената на кровот.

Покривот постојано ни пропушташе и имавме многу реакции од родителите. Ние привремено го решававме проблемот, но сега го решивме трајно . Променети се и сливниците и сега нема никаква опасност од прокиснување, објаснува директорката.

Градинката покрај на уредување на внатрешноста ќе се ангажира и на уредување на дворната површина со што децата би добиле уште попријатно катче за престој.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top