Охриѓанчињата од градинката Јасна Ристеска го поздравија доаѓањето на пролетта

 Охриѓанчињата од градинката Јасна Ристеска го поздравија доаѓањето на пролетта.

 |  Валентина Неловска  | 
deca

Со весела песна и игра над 500 охриѓанчиња го поздравија доаѓањето на пролетта. На првиот пролетен ден децата од градинката Јасна Ристеска  облечени во пригодни маски.

decaНа градскиот плоштад  се чуствуваше радоста и раздвиженоста која доаѓа со пролетта. Програмата ја следеа голем број родители, баби  и дедовци, братчиња и сестричиња, кои уживаа  како нивните најмили  танцуваат и пеат, прикажувајќи  што научиле од своите  наставнички во градинките каде што престојуваат.  На манифестацијата учествуваа дечиња на возраст од 4 до 6 години, истакна  Роза Костоска директор на градинката Јасна Ристеска.

„ Како  што гледате сите се облечени, украсени со пролетни елементи кои ја означуваат пролетта. На тој начин тие учат што е пролет, како се буди природата, растенијата, животните, инсектите и сето она што го научиле, што го работат преку годината на оваа тема, го презентираат преку музичко- ритмички точки со соодветна содржина“, вели Костоска.    

deca

На градскиот плоштад беше присустен и заменик градоначалникот Ангел  Јанев. Тој  истакна дека убавиот сончев пролетен ден и веселиот детски жагор  се убав предзнак за претстојната сезона.

„ Јас имам претчуство дека овој настан е прекрасен вовед во една сончева, побогата,  корисна туристичка и хуманитарна сезона“, истакна Јанев.

 

 

 

 

deca

Манифестацијата која денес беше традиционално одржана на првиот пролетен ден имаше и хумана димензија. Се донираа средства за лекување на малиот Кирил. Собраните средства денес ќе бидат уплатени на неговата жиро сметка заедно со  средствата од хуманитарниот хепенинг организиран на 8-ми Март.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top