Ознака: ред

седница

Прва седница на советот на општината во 2012 година

Post Views: 0 Охридските советници во петок ќе ги засукаат ракавите. Дневниот ред иако сиромашен, точките кои се најдоа таму се од исклучително значење за Охриѓани. Свое место таму како што беше ветено пронајде и контроверзната точка за изменување на одлуката за утврдување на висината на надоместокот за гробарина. На 27-ми Јануари со почеток во 10 часот ќе ја одржат првата седница во новата година. Четириесет и третата седница на Советот на општина Охрид нема да биде опширна како претходните бидејќи на неа се најдоа само десет предлог одлуки. Иако сиромашна со точки, сепак не и...

Continue reading

lekar

50 денари партиципација за секој преглед на матичен

Post Views: 2 Матичните лекари бараат 50 денари партиципација за секој преглед. Овој предлог ќе се разгледува утре во Фондот за здравство, а доколку се усвои, и оваа бесплатна услуга ќе замине во историјата. Ова ќе значи дека секоја консултација, посета, или преглед ќе мора да го платите, а доколку пациентот треба да прими инјекција, или некаква терапија ќе мора да даде и повеќе пари. Еве што мислат Охриѓани за овој предлог. „Мислам дека не е во ред. Народот нема пари, плаќаат други давачки и ова ќе е многу. А лекарите си добиваат капитација преку Фондот.“ „Нека си го регулираат...

Continue reading

kumovi

Предадено кумството за верската манифестација Водици 2012

Post Views: 3 Новиот кум, проф д-р Ванчо Чифлиганец го презеде кумството за верската манифестација Водици од стариот кум Лотески. Познатиот стопанственик е 10-от кум по ред,  избран од граѓанското здружение „Богојавление“ и е првиот кум што нема охридско потекло. Новиот кум не го криеше задоволството од честа која му е доделена. Истакна дека по ланското капење во езерските води на овој ден имал успех на многу полиња во животот.  Кумот  Чифлиганец сака прославата на Водици да ја зголеми со нови содржини. Покрај бројните подароци за среќниот фаќач на крстот и учесниците во оваа церемонија,...

Continue reading

Stefan Dimoski

Успешна година за СВР

Post Views: 27 СВР Охрид годината ја завршува со позитивен биланс во свкупното работење. Ова се однесува во сите сегменти во работењето на полицијата како и во делот на сведување на минимум на казнените дела, вели портпаролот на СВР Стафан Димоски. „Реализацијата е исто така позитивна и би сакал да потенцирам дека во делот на општиот криминалитет и во делот на организираниот криминалитет во делот на нарушувањрто на јавниот ред и мир како и во делот на сообраќајот видно се бележи намалување на бројот на казнените дела“, вели портпарол СВР Охрид, Стефан Димоски. Димоски напомена дека...

Continue reading

седница

Советниците работно до крај-утре нова седница

Post Views: 0 Утре ќе се одржи 42 седница на Советот на општина Охрид. Дневниот ред составен од 44 точки ветува сериозна дискусија. Најзвучна и веројатно најважна точка на дневниот ред е предлог буџетот на општината за 2012 година. Оваа точка е редовно извор на несогласувања помеѓу советниците, па останува да видиме за што е планирано да се трошат општинските пари. Сепак, буџетот не е единствената интересна точка на дневниот ред. Тука се и неколкуте точки за програмите за работа на јавните претпријатија од градов. Иако изгледаат неатрактивно, сепак работењето на охридските јавни претпријатија...

Continue reading

sednica

Нема тајни во одлуките на охридските советници

Post Views: 1 Советот на општина Охрид досега ниту гласал тајно за одредена точка на дневен ред, ниту пак има потреба од тоа, тврди претседателот на Советот Душко Јаковчески. Ова произлегува од Предлог одлука за усвојување на извештајот за толкување на член 33 од Статутот на општина Охрид, предложен од страна на советничката група на НСДП, која точка на дневен ред се најде на денешната седница на советот. Јаковчески вели, јасен е членот 33 од статутот на општина Охрид според кој Советот може да донесе одлука земајќи го во предвид бројот на присутни советници, за одредена точка да...

Continue reading

Petreski

Брат за брат-сирењето со пари!

Post Views: 7 Бурна расправа и остри реторики предизвика втората точка на дневниот ред на четириесеттата седница на Советот на општина Охрид. Станува збор за точка која беше вметната во дневниот ред на предлог на градоначалникот Петрески, а се однесуваше на јавната набавка на средства за реконструкција и модернизација на јавното осветлување во Охрид.Партиски препукувања и заострени коментари ја одбележаа четириесеттата седница на советот на општина Охрид, а спротиставените ставови на советничките групи ги извлече втората точка на дневниот ред. Оваа точка не беше во првичната верзија...

Continue reading

sednica na sovet

Исцрпен дневниот ред од 39-та седница на Советот на општина Охрид

Post Views: 2 Заврши продолжението на 39тата седница на советот на општина Охрид. Дневниот ред вклучуваше девет точки меѓу кои: предлог одлуката за утврдување Нацрт Урбанистичка планска документација за вон населено место Лагадин – Пештани дел од блок 1-опфат 1 општина Охрид 2011-2016, предлог одлука за условите и начинот на одведување на урбани отпадни води, предлог одлука за давање согласност на Одлуката за задолжување на ЈП „Градски гробишта“ Охрид со долгорочен кредит, како и предлог одлуките за разрешување и именување на членови на училишен одбор во основните училишта „Кочо Рацин“...

Continue reading

policija

По еден полицаец за секое училиште

Post Views: 6 Подобро да се спречи-отколку да се лечи! Заклучокот на денешната средба на советодавната група на граѓани е дека превенцијата на насилството во училиштата треба да биде прво и основно средство во справувањето со овој проблем. Асоцијалното однесување на младите е се поизразено, но се преземаат мерки за негово сузбивање. Сепак преовладува заклучокот дека овој проблем треба да се решава со заеднички напори и на полицијата, но и на училиштата, педагошко-психолошките служби, центрите за социјална работа. Од СВР-Охрид најавија и нова мерка во насока на решавање на овој проблем. „Од...

Continue reading

sednica sovet

Маратонско издание на 38-та седница на Советот на Општина Охрид

Post Views: 0 Маратонска и мачна 38 – ма седница на Советот на Општината. Уште на самиот нејзин старт, советниците од редовите на ВМРО народна, истата ја напуштија: Објаснување, знак на протест поради деградацијата на највисокотот тело Советот, од страна на општинската админстрација со тоа што советниците не биле информирани за ниту еден културен настан кој под нејзин патрон бил организиран, ниту за посетата на странските делегации на општината. Побараа канцеларијата на Претседателот на советот да биде нон-стоп отворена, како и отворање на канцеларија за советници. Градоначалникот...

Continue reading

Proakva

Општина Охрид со уште едно ново ЈП

Post Views: 19 Се е подготвено за формирање на новото ЈП „Водовод Охрид“, Охрид. Како 14 точка на дневен ред за утрешната седница на Советот на општина Охрид, е закажана предлог-одлуката за основање на новото ЈП за собирање, обработка и снабдување со вода. Со ова се реализира најавата на градоначалникот на Охрид Александар Петрески, кој пред нецели два месеци за ТВМ  образложи зошто се налага потребата од формирање на ново ЈП. Покрај тоа, Петрески уште тогаш го спомна и името на  директорот на новото ЈП. „Точно е тоа, дека од порано сме договорени кога ќе се формира ЈП „Водовод Охрид“,...

Continue reading

Охрид

(видео)Гласавме како Финци а славевме како Либијци

Post Views: 1 Вчерашните избори во Охрид поминаа во најдобар ред, мирно и без инциденти, за да утрово, околу 7 часот, жителите од стариот дел на градот, ги разбудат околу 50тина истрели од огнено оружје, велат тие.  Жителите од овој дел на градот веднаш пријавиле во СВР Охрид. Тие, видно вознемирени се јавија и во нашата редакција и ни доставија снимка од настанот, која е снимена со мобилен телефон и посочија дека истрелите доаѓале од комплексот Летница. На снимката се гледа дека екипи на СВР Охрид, излегле на местото на настанот, меѓутоа, непримерниот граѓанин, очигледно не бил...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top