Ознака: ред

policija

Сузбивање на насилството и подобрување на јавниот ред и мир, приоритетите на СВР Охрид во оваа година

Post Views: 1 Свр Охрид максимално ќе биде ангажиран и во новава година. Новиот вршител на должност, началник на СВР- Охрид, Зоран Сарафилоски рече дека приоритет ќе му биде сузбивањето на насилството за што и лично ќе се завземе. Сарафилоски најави дека со жестоко темпо ќе продолжат и активностите за сузбивање на тешките облици на кршење на јавниот ред и мир.– Ќе бидам присутен на терен, ќе ги согледувам состојбите, ќе преземам мерки, а при тоа ќе нема прикривање на фактите. Ќе бидеме објективни и секогаш достапни за медиумите и јавноста, рече Сарафилоски.Портпаролот на СВР...

Continue reading

sednica

Ривиера и Табана повторно ги разгореа политичките страсти

Post Views: 1 Советниците, денес  ги изгласаа и предлог одлуките за опфатот на нацрт уранистички планови за Ривиера и Табана. Овие нацрт  урбанистичките планови по втор пат ги разгореа политичките страсти. Додека за опозиционерите нацрт урбанистичките  планови немаат  законски согласности од институциите, за позицијата  се е легално. Од секторот за  урбанизам, просторно планирање и животна средина,  велат дека при изработката на нацрт плановите се испочитувани сите Законски процедури. „ При изработката на урбанистичките  планови мора да се земат предвид, од Завод и Музеј и Управата...

Continue reading

ribolov natprevar

Глувите и наглуви лица од земјава, ловеа риба во каналот Студенчишта

Post Views: 0 12 здруженија на глуви и наглуви лица од целата држава, денес ловеа риба во Стденчишкиот канал. Претставници од Охрид, Скопје, Гевгелија, Битола, Кавадарци, Прилеп, Гостивар се натпреваруваа кој ќе улови повеќе риба. Овој државен натпревар се одржува веќе втора година по ред. Риболовците се натпреваруваат поединечно и екипно, а ќе добијат медали и пехари. Претседателот на Националниот сојуз на глуви и наглуви лица, Васко Марков, изрази надеж дека победникот на овој натпревар нема да запре тука. „Се надевам дека кој ќе го освои првото место, понатаму ќе продолжи со натпреварите....

Continue reading

sednica sovet Ohrid

Ребалансот на буџетот ги размрда советниците

Post Views: 5 54-тата седница на Советот на Општина Охрид невообичаено кратака. На дневен ред беа ставени само четири точки и уште една дополнителна  која беше додадена на барање на Комисијата за финансии и буџет. Советниците на првите три точки беа прилично комотни. Но, атмосферата се загреа кога на ред дојде четвртата точка- Одлуката за изменување и дополнување на Буџетот на единицата на Локална самоуправа Охрид за 2012 година. За опозицијата нема никаква оправданост да се прави ребаланс на буџетот бидејќи како што потенцираа тие уште при неговото донесување укажувале дека проекцијата...

Continue reading

kontejner

Локациите за поставување контејнери – градски проблем

Post Views: 4 Несовесни граѓани ги  поместуваат  поставените контејнери  во зависнот од нивната лична проценка дали им смета поставениот  сад за одлагање на отпад или не, нагласува раководителот на комуналната инспекција, Танас Танасоски. Таквиот начин на поместување е недозволив, но за да се надмине оваа појава потребна е интервенција од  секторот за урбанизам,  напоменува Танасоски. „За поставување на садовите за подигање смет треба да се донесе  урбанистички план. Со него ќе се прецизираат локациите каде да се  постават садовите за смет. Сега имаме голем проблем со местото каде...

Continue reading

вера

Утре се слават мудроста, љубовта, верата и надежта

Post Views: 5  Тринаесет година по ред , голем број верници  се собираат  во Лагадин за да го одбележат верскиот празник  Вера, Нада, Љуба и нивната мајка, великомаченица Софија.Со молитва и свеќа верниците се молат за  здравје, љубов и благосостојба во малата црквичка изградена во 2000 година.   Прославата на овој верски празник во Лагадин започна пред тринаесет години на  иницијатива на познатиот угостител Љупчо Патче. По повод 2.000 години од христијанството, Патче како ктитор,  ја изгради малата црква на самиот брег на Охридското езеро. Традиционално  собраните пари од верниците...

Continue reading

sednica

Доцнеше почетокот, но брзо дојде крајот

Post Views: 1 Педесет и втората седница на советот на општина Охрид според својот дневен ред набилдан со 39 точки, многу ветуваше, но малку понуди. Новинарите, а и јавноста очекуваа да дознаат дали  ќе се одлучи конечно да отпочне постапката за изградба на  долгоочекуваната катна гаража или не, но до оваа точка советниците не стигнаа. Десетина точки кои беа најинтересни меѓу кои и договор за Јавно приватно партнерство за изградба на катна гаража како и договорот за Јавно приватно партнерство за изградба на автобуска станица во општина Охрид не дочекаа по нив да се дискутира бидејќи...

Continue reading

obvinet za obljuba

Зголемен број на полициски службеници за мирно лето

Post Views: 0 Поучени од горчливите искуства од минатото, ова лето зголемен број на полициски службеници ќе се грижат за општата безбедност во градов. Деноноќно, полициските службеници ќе патролираат со цел зачувување на јавниот ред и мир. Портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димоски вели дека во најголем број од случаите полициските службеници интервенираат превентивно, но доколку има опасност од ескалирање на ситуацијата, тие ќе ги искористат своите овластувања и ќе делуваат и репресивно. Најголема концентрација на полициски службеници ќе има на неколку условно речено „жешки точки“...

Continue reading

skuterce

Скутерџиите непожелни на Охридското езеро

Post Views: 2 Почна дивеењето на скутерите на вода, по охридските плажи. Граѓаните сметаат дека тоа не е добро за имиџот на градот, бидејќи посетителите треба да ги привлечеме со гостопримство, а не да ги одвраќаме со несовесните постапки на поединци. Вчера на една од атрактивните охридски плажи, посетителите меѓу кои и гостите од Холандија, имаа можност некаде околу 11 часот да гледаат 10 минутно дивеење на вода со скутер. Овој настан не само што го привлече вниманието на туристите, со бранувањето на езерото, туку тивката музука на угостителскиот објект беше заменета со бучавата...

Continue reading

tribina DPMNE

Каде оди мојот град-на трибина запраша ВМРО-ДПМНЕ

Post Views: 1 Каде оди мојот град? Ова е краткото прашање кое го поставија членовите на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. Одговорите кои ги понудија на денешната трибина  беа далеку побројни и пообемни. Се дискутираше за културата, туризмот, функционирањето на локалната самоуправа, урбанизмот. „На Охрид му требаат промени, кадровски, промени на менталниот склоп, му треба младина која сака да дава, а не да зема од градот.“ -вели Дејан Паноски-советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Како клучен проблем во функционирањето на општината тој ги наведе јавните претпријатија. „Стоиме на ставот дека јавните...

Continue reading

urbana oprema

Програмата за урбана опрема сега пред советниците

Post Views: 2 Првиот човек на заводот за заштита на спомениците на културата Тања Паскали Бунташеска вели дека програмата е добра и дека заводот нема забебелешки по однос на истата.      „По она што е нацртано сметаме дека е во ред и дека се е вклопено според законот на Охрид. Го нема панаѓурот специфицен за минатите години. Се што е планирано е нормално и изводливо доколку се спроведе како што е зацртано нема да има никаков проблем“, вели директорот на завод и музеј, Тања Паскали Бунташеска. Според програмата Фрижидери за сладолед е предвидено да се постават строго по приобалниот...

Continue reading

Sednica na Sovet

Охриѓани нешто добија, но нешто изгубија

Post Views: 3 На првото издание на седницата на советот на Општина Охрид, охриѓани нешто добија, но за некои работи ќе останат и покуси. Така граѓаните го добија и  вториот Локален акционен план за животна средина, а најверојатно ќе добијат и спомен обележје на Богојавление-Водици. Но,ќе загубат уште некој денар од домашниот буџет. Имено точките од дневниот ред кои се однесуваа на зголемување на цените на поголемиот број комунални такси  поминаа без проблем. На мнозинството дотолку им беше олеснета работата, бидејќи советниците од опозицијата, демонстративно ја напуштија општинската...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top