Охриѓани нешто добија, но нешто изгубија

Невообичаено четириесет и второ издание на седницата на совет на Општина Охрид. Некаде на половина од седницата, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ демонстартивно ја напушти општинската сала поради несогласување со некои од точките кои беа на дневниот ред.

 |  Крсте Голабовски  | 
Sednica na Sovet
Седница на Совет

На првото издание на седницата на советот на Општина Охрид, охриѓани нешто добија, но за некои работи ќе останат и покуси. Така граѓаните го добија и  вториот Локален акционен план за животна средина, а најверојатно ќе добијат и спомен обележје на Богојавление-Водици. Но,ќе загубат уште некој денар од домашниот буџет. Имено точките од дневниот ред кои се однесуваа на зголемување на цените на поголемиот број комунални такси  поминаа без проблем. На мнозинството дотолку им беше олеснета работата, бидејќи советниците од опозицијата, демонстративно ја напуштија општинската сала кога на дневен ред дојде изгласувањето на тие точки. Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ со објаснување зошто.

Sednica na Sovet„Во овој момент немаме намера, да даваме легитимитет на мнозинството во советот со нашето присуство со носење на овие одлуки кои ќе го загрозоуваат економскиот буџет на граѓаните и ви оставаме сами да си одлучите за подигањето на цените и дека сме жестоко против и ќе примениме секакви мерки против, овие зголемувања на цените на комуналните услуги“ рече Паноски.

Советниците дискутираа и околу  предлог одлуката  за усвојување на програмата за работа во областа на располагањето со градежно земјиште, во сопственост на РМ. Првиот човек на Урбанизам, ракводителот Бранко Арнаудов обасјни дека Програмата е работена согласно Законот за градежно земјиште од февруари 2011. Со тој закон им е овозможено на општините да располагаат само со земјиштето за кое се донесени детални урбанистички планови.

Sednica na Sovet„Таа се состои од неколку делови и она што е најинтересно е дека ние во програмата ние ги имаме определено просторно, како ќе се менаџира земјиштето псоле добивање на согласноста во неколку делови. Така да ќе има земјиште кое ќе биде отуѓувано, земјиште кое ќе биде давано на долготраен и краткотраен закуп и земјиште реализирано со јавни-приватно партнерство по урбанистичките планови“ објасни Арнаудов.

На седницата беше презентирана и студијата за состојбата на остатокот од Студенчишкото блато, за кое е предложена категорија на заштита, Споменик на придродата. Советниците согласни дека овој простор не само што е од непорценливо значење за науката, туку дека истиот може да биде ставен во фукција на туризмот. На оваа седница исто така беше продолжена важноста на Програмата за поставување урбана опрема од 2011 година, а беше усвоена и методологијата за распределба на блок дотацијата за основно и средно образование во Охрид.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top