Ознака: работници

Автобус полн со работници се преврте кај Битола

Post Views: 2 Утрово се преврте автобус, со кој се превезувале работници од „Кромберг и Шуберт“ од индустриската зона Жабени кај Битола. Од МВР соопштија дека се повредени неколку лица. Денес во 06.28 часот во СВР Битола било пријавено дека на излез од фабрика во близина на с.Жабени, битолско, на пат за Битола, се превртел автобус со патници. До сега од несреќата како повредени со телесни повреди се пријавени тројца патници и возачот, а помош им е укажана во Клиничка болница Битола, информираат од МВР за Курир. Полициски екипи на лице место извршиле увид.

Continue reading

kasica

Повисоки плати за здравствените работници од 2016

Post Views: 0 Анекс на Колективен договор со кој ќе се овозможи сите здравствени работници со завршено високо образование (медицински сестри, рентген техничари, физиотерапевти, лаборанти, итн.) да добијат додаток на плата, потпишаа денеска министерот за здравство Никола Тодоров и претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Љубиша Каранфиловски. -Договорот стапува во сила со февруарската плата која ќе биде реализирана со корекција на коефициентот. Вкупниот процент на корекцијата на платата е 36,9 отсто, истакна Каранфиловски. Министерот Тодоров...

Continue reading

Германија: Илјадници работници ја прекинаа работата

Post Views: 4 Илјадници работници во ноќните смени во германските фабрики ја прекинале работата минатата ноќ, протестирајќи поради неспремноста на работодавачите за зголемување на платите, објави IG Metall, најголемиот германски синдикат. IG Metall, кој брои 3,7 милиони работници, го одбил предлогот на работодавачите кои нудат зголемување на платите за 2,2% од 1-ви март. Синдикатот сака зголемување од 5,5% од почеток на годината, порачувајќи дека солидниот пораст во најголемото светско стопанство го оправдува барањето. Само во Северна Рајна Вестфалија повеќе од 3.000 работници во...

Continue reading

хотел Дрим

Бериќетен период за струшките хотелиери

Post Views: 7 Настапува плоден период за хотелиерите во Струга. Ручек под отворено небо на 1 јануари, пред хотелската плажа, е дел од понудата за новогодишните празници на хотелот „Дрим. Менаџерот по продажба Билјана Тодороска рече, дека денес, не постои недопрена точка во економијата од глобалната економска криза, вклучувајќи го тука и хотелиерството и угостителството. Таа додава дека и покрај тоа луѓето чуствуваат потреба за одбележување на празници за што и одвојуваат средства преку годината.Голем предизвик е да се обезбеди поле за работа во хотелиерството во Струга, вели генералниот...

Continue reading

Медиумските работници и СЕММ дебатираа за известувањето во услови на Ковид 19

Post Views: 0 Медиумските работници од југозападниот регион во земјава, заедно со Советот за етика во медиумите, денеска дебатираа за известувањето во услови на Ковид – 19. Според СЕММ, едностраното и сензационалистичкото информирање биле главните нарушувања во информирањето на медиумите коишто биле пријавени до ова саморегулаторно тело. Се реагирало и на нарушувањето на човековите права во информирањето и запоставувањето на ранливите групи во општеството. Советот за етика учествувал во иницијативи за надградба на етичката рамка во информирањето, креирани се Насоки за инклузивно известување...

Continue reading

Видео: Работници кои работат на iPhone паѓаат од умор

Post Views: 1 Иако Apple вети дека ќе ги заштити своите работници, најновото видео кој го направи BBC ја покажува суровата реалност за злоупотреба на работниците. Краткиот, таен филм кој е снимен во фабриката Pegatron во околината на Шангај ги прикажува работниците на производствената линија на iPhone 6 кои работат во смени од по 12 до 16 часа, а скриениот репортер на BBC работел 18 дена по ред и покрај тоа што барал слободен ден. Друг репортер од замор не можел ниту да јаде – секој момент за одмор го користел да се одмори од стрес, а филмот го прикажува токму тоа: работници кои за...

Continue reading

Мала надеж за подобро утре на Линдита

Post Views: 6 После сторијата на ТВМ за Линдита Рамадан, девојчето со церебрална парализа која живее во лоши услови, стручните работници од охридскиот Центар за социјална работа утрово биле во посета на семејството Рамадан. Како што информираше директорот Екрем Каљоши, на лице место била согледана нивната состојба, од страна на неговите служби и се договориле во понеделник таткото на Линдита да поднесе во Центарот барање за остварување еднократна парична помош како и да ги разгледаат можностите за остварување право на социјална помош. Каљоши категоричен дека согласно Законот, на...

Continue reading

grobista

Менаџментот на ЈП „Градски гробишта“ со отчет за сработеното во изминатите две години

Post Views: 2 Редовно исплаќање на личните доходи на вработените, подмирени 70 проценти од наследениот долг, формирање на градежна група во рамките на претпријатието, голем број завршени проекти и проекти кои треба да се започнат. Ова се само дел од резултатите со кои денес се пофали директорот на јавното претпријатие „Градски гробишта“, Зоран Симоноски. Според него, кога тие го презеле претпријатието, истото било во незавидна положба, со долг од 10 милиони денари, и негативен финансиски извештај од околу 2 милиони денари. Симоноски додава дека за да се справат со оваа ситуација морале...

Continue reading

Др. Новевска: Да се преиспита ставот на Хидробиолошки за блатото

Post Views: 1 Др. Вера Новевска, научен советник, во пензија, со 35 годишен стаж во Хидробиолошки Завод Охрид, реагира на ставот од оваа институција во однос на Студенчишкото блато, изнесен на вчерашната седница на градскиот совет. Вознемирувачка беше информацијата, изнесена од Хидробиолошки завод на седницата на Советот на Општина Охрид, одржана на 27. 03. 2015 год, вели др Новевска и додава: Познато е и научно докажано, дека блатото и колкав дел од него да е останат, претставува најдобар филтер на сите води кои гравитираат кон Езерото и со тоа го заштитуваат. Овој екосистем претствува...

Continue reading

„Охридска вечер“ нов начин на туристичка промоција на градот

Post Views: 0 Наместо закуп на штандови на туристички саеми локалната самоуправа  во иднина ќе организира Охридски вечери. Ова е новата стратегија со која Охрид ќе се промовира, а која од Белград на одржаниот саем за туризам ја најави охридскиот градоначалник Никола  Бакрачески.  Самостоен закуп на брендиран штанд на саемска манифестација финансиски чини многу пари. Организирањето на Охридска вечер  со директни промоции за таргет групи покажале дека од финансиски аспект се подостапни, вели Ѓоко Апостолов од Секторот за Тлер.„ Во овој момент сметаме дека е попрактична и подобра за...

Continue reading

parking

Со СМС пораки ќе се наплаќа паркинг на охридските улици

Post Views: 3 Наскоро, охриѓани и гостите паркинг ќе плаќаат со СМС пораки. Ваквиот начин на паркирање се очекува да стартува од престојната летна сезона. ЈП„Билјанини извори-Охрид“ веќе ја спроведува  постапката за избор на  партнер  за воведување на електронскиот современ начин на паркирање. „На објавениот јавен оглас од ЈП Билјанини извори за имплентација на системот за електронско управување со паркингот по пат на јавно приватно партнерство. Стигнаа две понуди. Во тек на постапката се запазени се  сите законски дејности согласно  одредбите од Законот за јавни набавки и  Законот...

Continue reading

prostitutka

Сексуалните работници и медиумите

Post Views: 3 Медиумите да застанат наспроти сензационализацијата во користењето на јазикот, насловите и фотографиите, мотото и начинот на кој се прикажани сексуалните работници, порачаа од НО „Хопс“. Сексуалната работа и медиумите. На оваа тема денеска дебатираа претставниците на медиумите со НО „Хопс“. Целта на оваа дискусија пред се беше запознавање на новинарите како правилно треба да пристапат кон презентација на сторијата доколку има настан поврзан со сексуална работа. Катерина Партинова рече дека со медиумите мора да воспостават една базична соработка бидејќи според неа медиумот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top