• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Менаџментот на ЈП „Градски гробишта“ со отчет за сработеното во изминатите две години

Менаџментот на ЈП „Градски гробишта“ со отчет за сработеното во изминатите две години

Позитивни финансиски извештаи, редовна исплата на платите на вработените, отплатени 70 проценти од заостанатиот долг. Ова е само дел од постигнатото со кое денес се пофали менаџментот на јавното претпријатие „Градски гробишта“.

 |  Мишел Наумоски  | 
grobista
гробишта

Редовно исплаќање на личните доходи на вработените, подмирени 70 проценти од наследениот долг, формирање на градежна група во рамките на претпријатието, голем број завршени проекти и проекти кои треба да се започнат. Ова се само дел од резултатите со кои денес се пофали директорот на јавното претпријатие „Градски гробишта“, Зоран Симоноски. Според него, кога тие го презеле претпријатието, истото било во незавидна положба, со долг од 10 милиони денари, и негативен финансиски извештај од околу 2 милиони денари. Симоноски додава дека за да се справат со оваа ситуација морале да направат радикални зафати по преземањето на раководството.

gradski grobista„Со вака преземените мерки на јавното претпријатие, финансиската состојба е значително подобрена, за да 2013та година, ја завршиме со позитивен финансиски извештај, од 3.377. 181 денар, а 2014та година ја завршиме со позитивен финансиски извештај од 4.390.925 денари. И овој последен финансиски извештај за 2014та година е најдобриот финансиски извештај од постоењето на јавното претпријатие. Ние и натаму не застануваме, ќе настапиме со едно забрзано темпо и поголема динамика за тие резултати да ги подобриме.“-вели Зоран Симоноски-Директор на ЈП „Градски гробишта“.

Паралелно со подобрувањето на финансиските резултати од работењето, Симоноски вели дека успеале да постигнат огромен успех со решавање на заостанатиот долг.

otcet JP Gradski grobista„Исплатени се, ова сакам да потенцирам, заклучно со трети месец, 2015та, исплатени се 7 милиони денари од заостанатиот долг, што го наследивме или во проценти околу 70 посто. Ваквиот зголемен обем на работа, природно предизвика потреба од нови работни места и работници, така да ние во изминатиов период вработивме 13 работници на неопределено работно време и тоа општи комунални работници, тоа сакам да потенцирам, не администрација, општи комунални работници.“-рече Симоноски.

Тој вели дека позитивните резултати од двегодишното работење на претпријатието им се поттик да не застануваат и да работат и понатака.

Тој спомена дел од тековните и идни проекти на јавното претпријатие, а меѓу другото ја спомена тековната реализација на спортско игралиште во Трпејца, малиот плоштад кај мини маркет, а ја најави и изградбата на игралиштето за одбојка на песок во Воска. Симоноски воедно најави и решавање на дел од клучните прашања за претпријатието како што е откупот на нови парцели за кои веќе е започната процедурата, како и изградбата на муслиманската капела.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top