Ознака: работници

sonk

Охридскиот Сонк молчи за престојниот штрајк на професорите

Post Views: 13 Од охридскиот регионален одбор на Синдикатот за образование, наука и култура молк за престојниот штрајк на просветните работници. Никој не сака да го коментира денешниот состанок на општинската со  претставници од синдикалните организиции, какоц став зазедоколу штрајкот и што ќе им препорчаат на колегите. Обидите да стапиме во контакт со претседателот на општинската организација Аце Речкоски останаа неуспешни. Телефонот беше исклучен и на Јаким Неделков, лидерот на СОНК.      Она што го дознава ТВМ од неофицијални извори е дека кај наставниците во охридските основни...

Continue reading

logo

Одбележување на Денот за борба против насилство врз сексуалните работници

Post Views: 6 И оваа година, традиционално, ЗГ Опција Охрид ќе го одбележи 17 Декември – Меѓународен ден за борба против насилство врз сексуалните работници со низа активности: делење на едукативен материјал, едукативни работилници со целната група и сензитивизирање на општата популација. 17 Декември претставува интернационален ден за крај на насилството врз сексуалните работници од целиот свет, со цел да се обрне внимание на криминалните дејства кои се вршат врз сексуалните работници.Идејата е на Др. Ени Спринкл , а започна во САД како спомен на жртвите на серискиот убиец од Грин...

Continue reading

gucci

Гучи дели откази поради малтретирање на работници

Post Views: 9 Италијанската модна компанија “Гучи“ отпуштила некои од раководителите во Кина, кога тамошните медиуми откриле случај на малтретирање на работници во една од нивните продавници во Шенџен.Во отвореното писмо до кинеските медиуми, пет поранешни работници во една продавница напишале дека морале да работат без надомест по истекот на работното време, како и од свој џеб да плаќаат за секој украден артикл. Во писмото, во кое се наведува дека “во блескавите фустани на Гучи има многу вошки“, работниците напишале дека тие морале да бараат дозвола за пиење вода и одење во тоалет. Таа...

Continue reading

seksualni rabotnici

Новинарите треба подлабоко да истражуваат при известување за сексуалните работници

Post Views: 10 Избегнување на клишеата во известувањето за сексуалните работници, избегнување на стереотипите и подлабоко истражување на темата сексуален работник. Ова се само дел од препораките и заклучоците кои произлегоа од денешната работилница наменета за охридските новинари, насловена како „Сексуалната работа и медиумите.“ Целта на работилницата, меѓу другото беше поголемо и посеопфатно информирање на новинарите за начините на известување кога станува збор за темата на сексуални работници, но и принципите кои би требало да се следат со цел што пообјективно и посеопфатно да...

Continue reading

lampioni

За празниците – дома

Post Views: 2 За Нова година и Божиќ дома. Македонските граѓани не се во финансиска кондиција за празнување вон границите на државата. Ќе слават главно во домашна атмосфера, заедно со семејството или со пријателите. Дел од граѓаните сепак и ќе патуваат- но најмногу во домашните туристички центри. Само малкумина со подлабок џеб ќе си дозволат новогодишен излет на подалечните европски дестинации. Ваквата слаба заинтересираност, за туристичките работници е резултат на нискиот стандард, но и на неможноста да се прославува подолго од два-три дена. Иако помасовно зимување очекуваат по божиќните...

Continue reading

sovetuvaliste

Само еден здравствен работник од Охрид ги остави цигарите во рамки на Советувалиштето за откажување од пушење

Post Views: 8 62ца здравствени работници и тоа доктори, медицински сестри, фармацевти, акушери, лаборанти се пријавиле за групните советувања во Советувалиштето за откажување од пушење кое летово започна да функционира во рамките на Центарот за јавно здравје од Охрид. Од крајот на јуни, досега, во охридското советувалиштето биле одржани девет обуки со што истото го држи првото место според проценките на Институтот за јавно здравје. На поканата на Советувалиштето за учество во групните советувања се одзвале неколку приватни и скоро сите јавни здравствени установи од градов, со исклучок...

Continue reading

imunizacija

Одговорите на прашањата за имунизацијата да се бараат од докторите, а не на интернет

Post Views: 4 Антивакциналното движење кое кај нас стана актуелно последиве неколку години не е ништо ново. Ако истото во САД беше актуелно пред 15 години, во Европа пред 10 година последниве две години крена голема прашина и кај нас па дури стигна и пред Уставниот суд на РМ . Медиумите, социјалните мрежи и најразличните дискусии на форумите придонесоа за актуелноста. Родителите благо речено збунети. Бомбардирани со дијаметрално спортивни  информации. Од оние кои се категорично против имунизацијата до информации кои ја објаснуваат и поддржуваат имунизацијата.  Младите родители, одговорите...

Continue reading

sindikat

Нов Синдикат на новинари

Post Views: 2 Формиран првиот независен Синдикат на новинари и медиумски работници во земјава. Основачкото собрание се одржа во Скопје, а за прв претседател беше избрана Тамара Чаусидис.„Мисијата на Синдикатот е многу едноставна, таа е да ги застапува економските интереси и да ги подобрува условите за работа на своето членство, да се бори за еднакви услови за вработување и унапредување, за подобрување на стандардите во медиумската сфера“, изјави Тамара Чаусидис, новинар. За новинарите денешниот ден е историски. По 20 години делби и суети, очекуваат обединети во Синдикатот да издејствуваат...

Continue reading

inf.biro

Се анкетираат гостите и туристичките работници

Post Views: 1 И ова лето туристичките работници, странските и домашните гости , а и граѓаните ќе можат да си ги напишат маките на хартија. ТЛЕР изготви формулар на кој сите субјекти кои се вклучени во туризмот, а и гостите ќе можат да ги стават своите забелешки и да кажат од што се, а од што не се задоволни. Анкетата не е класична со точно утврдени прашања туку секој може да наведе повеќе забелешки доколку ги има. -Генерално анкетните прашалници се исти како и минатата година со мали модификации кои ги направивме врз основа на тековната состојба во туризмот, вели Ѓоко Апостолов од...

Continue reading

logo

Работниците не ги знаат своите права

Post Views: 5 За нив, тие  одсега ќе можат да се информираат во канцеларијата на УНАСМ во Струга. „Работник загина во рудникот „САСА“, Кумановец паднал од скеле и починал, Струен удар повредил двајца градежници во Скопје“- ова се само дел од натписите во медиумите. Се почесто вакви вести можат да се слушнат,  бидејќи во последно време воопшто не е чудно работник да биде повреден додека е на своето работно место, без при тоа, работодавачот да одговара според законските прописи. Тие се должни да обезбедат услови за безбедност на животот и здравјето на работникот. За жал, многу малку...

Continue reading

kabel

Незаштитени кабли потенцијална опасност за пешаците

Post Views: 0 Потенцијана опасност за пешаците од незаштитени  кабли во близина на  болницата. Станува збор за остатоци од некогашните семафори кои го регулираа сообраќајот на оваа крстосница.  Граѓаните кои секојденвно поминуваат покрај каблите укажуваат дека каблите не се санирани скоро  две години одкога е изграден кружниот тек. Од Фондот за комунален развој ветуваат дека ќе решат пропустот. „3-те екипи со кои располага градски гробишта се на терен и со крајни напори овозможивме да се одстранат висечките кабли на стари семафори кои го регулираа  сообраќајот на овој потег“, истакна...

Continue reading

sdsm

Кузески: Болниците се претворени во месни комитети

Post Views: 2 Болничките установи се претворени во месни комитети, каде што директорот, заменик директорот или финансискиот раководител формираат штаб, издаваат налози за партиски активности и преку раководителите на одделенија и главните сестри, секојдневно спроведуваат мобинг врз вработените, обвинуваат охридските социјалдемократи. Портпаролот на СДСМ Александар Кузески побара од надлежните одговори за прашањата: зошто кога се вработуваа нови лекари, се примале само општи лекари, синови и ќерки на партиски активисти на ДПМНЕ, исклучиво по партиски клуч, наместо да бидат примени...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top