Ознака: работници

Охридските работници од културата и актерите дадоа поддршка на колегите од струмичкиот театар

Post Views: 3 Охридските работници од културата и актерите дадоа поддршка на колегите од Струмица. Денеска излегоа на протест со што се приклучија кон иницијативата Култура или фискултура и барањата за промени на состојбите во културата.Актерот, Никола Тодороски, изјави дека нивните колеги од струмичкиот театар се соочиле со проблем кој се третира како административен недостаток, а за жал е нус појава на нефукционалнионалност на институциите во културата, во изборот на вистински лидери на културните институции за да ги менаџираат во вистинскиот правец. „Да се престане со делење на...

Continue reading

vozila komunalec

Превработеност и милионски долгови во ЈП „Охридски комуналец“

Post Views: 18 Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ тоне во долгови. Според анализите на новото раководство, во моментот, „Комуналец“ по различни основи должи 97.770.000 денари. Од оваа сума, 49.956.000 денари се обврски кон добавувачи, 27.329.000 денари се по основ на извршни судски решенија, додека 16.491.000 денари се по основ на кредит од Охридска банка. За овој кредит, според в.д директорот на ова јавно претпријатие, Елена Скрческа, месечно стигнуваат по 150.000 денари во затезна камата. Поради неисплатени долгови кон добавувачи, претпријатието не може да набави гориво за...

Continue reading

komunalec

работници на ЈП Охридски Комуналец, останаа без работа

Post Views: 4 Точно пред два дена група работници на ЈП „Охридски Комуналец“, беа вратени од работа. Станува збор за 27 работници кои беа ангажирани по пат на договор на еден, два месеци или со договор на дело, вели новата В.Д директорка Елена Скрческа. Таа појасни дека на истите им истекле договорите  на 31 март. „Со оглед на законските прописи не бевме во можност понатака да ги продолжиме нивните договори ние им кажавме понатака да не идат на работа до регулирање на делот од нивниот статус. Знаете дека ние сме претпријатие од сезонски карактер и во текот на летниот период вработуваме,...

Continue reading

profesorka

Професори го обвинија Петрески за политички притисок врз нивни колеги

Post Views: 6 Тројца професори, Марија Голабоска, Звонко Трпески и Илија Стојаноски излегоа со обвинувања упатени кон актуелниот и кандидат за иден градоначалник, Александар Петрески за вршење притисоци во политички цели врз просветни работници односно да гласаат за него на престојните избори. Во изјава за медиумите, синоќа тие тврдеа дека имаат сознанија дека ќе се врши политички притисок врз нивните колеги, на состанокот на просветните работници со градоначалникот Петрески. „Во Големата сала на општината се повикани голем број на вработени во образованието со цел врз нив да се врши...

Continue reading

ohrid.mk

Полска комедија ќе ги промовира убавините на Охрид

Post Views: 0 Конрад Коморничак, Томаш Нивински и Павел Грабовски се тројца млади и талентирани филмски работници од Полска и тие се фасцинирани од нашиот град. Оваа фасцинираност, тие нема да ја зачуваат само како спомен од едно патување, не, тие со своите знаења и уметничка душа, убавините на Охрид ќе ги овековечат во игран филм. Идејата им е тоа да биде комедија за млади луѓе од Полска кои притиснати од финансиски, семејни проблеми и притисоци доаѓаат во Охрид и откриваат едно одлично место за забава. Еве како дошле на идејата, главната ѕвезда на нивниот филм да биде нашето идилично...

Continue reading

deca

Премногу административни обврски, премалку време за учениците

Post Views: 4 Охридските просветни работници жестоко реагираат на се поголемиот број административни обврски кои им ги наметнува Министерството за образование. Нивното осумчасовно работно време повеќе поминува во пишување на административни забелешки, пополнување на електронскиот дневник, во подготвување на дневната програма и правење тестови отколку во квалитетни предавања и посветеност кон учениците, велат тие. Затоа преку регионалниот одбор на СОНК секојдневно реагираат до Министерството за образование, Бирото за развој и Државниот просветен инспекторат со цел да се најде начин...

Continue reading

zito leb

АД „Жито леб“ ги отвори вратите за посета

Post Views: 3 Во  рамките на Светската недела на квалитет АД „Жито леб“ практикува да ги отвори вратите на производствените капацитети. На тој начин  купувачите може да видат каде се произведува она што секојдневно го конзумираат, лебот и печивата. Денес вратите на пекарската индустрија беа отвоени за децата од ЈДУ Јасна Ристеска, клонот Лихнида. Децата на возраст од  3 и 4 години страмежливо кажаа  што најмногу сакаат од печивата на Жито леб. Во АД „Жито леб“  многу се вложува, се е реновирано  и е  воведена  автоматизација на целото производство, вели директорот на прозиводство,...

Continue reading

sindikati

Достоинствена работа

Post Views: 1 Достоинствена работа е работа која овозможува добар живот. Генерално земено во нашава земја не може да се каже дека имаме достоинствена работа, велат од Унија на Автономни Синдикати на Македонија. Претседателот на УНАСМ. Слободан Антовски признава дека вината лежи во нив и дека синдикатите во земјава мора да преземат заеднички активности во справување со проблемите со работниците посебно кога се работи со терминот достоинствена работа. „Недоволната плата која што ја има во Македонија, несигурноста на работното место, стравот дали ќе се преживее месецот, денот, неделата,...

Continue reading

ucililiste

СОНК и Локалната ќе го решат проблемот со патните трошоци за наставниот кадар

Post Views: 1 Наскоро решение на проблемот со покривање на патните трошоци за просветните работници кои патуваат во подрачните училишта по охридските села. Досега регионалниот одбор на СОНК од Охрид во соработка со локалната самоуправа реализираа покривање на патните трошоци само за триесеттина вработени, а сега се отвара можност за решение на овој проблем за целиот наставен кадар кој патува. Ацо Речкоски Претседателот на регионалниот одбор на СОНК од Охрид истакна дека веќе е остварена средба со претставници од Локалната и Градоначалникот Александар Петрески. „На која што средба...

Continue reading

anketa

ТЛЕР преку анкети ќе дознава што сакаат, а што не туристичките работници и туристите

Post Views: 1 Туристичките работници, странските и домашните гости , а и граѓаните ќе можат да си ги напишат маките на хартија. ТЛЕР изготви формулар на кој сите субјекти кои се вклучени во туризмот, а и гостите ќе можат да ги стават своите забелешки и да кажат од што се, а од што не се задоволни. Анкетата не е класична со точно утврдени прашања туку  секој може да наведе повеќе забелешки доколку ги има. Гоце Симоновски, раководителот на ТЛЕР вели дека се одлучиле на овој начин на испитување на јавното мислење во областа на туризмот со цел да дознаат кои се пропустите и истите да...

Continue reading

mobing

Мобери внимавајте

Post Views: 6 Пет до седум илјади евра казна за моберите. Ова го предвидува предлог-законот за заштита од мобинг кој го подготви Сојузот на синдикати на Македонија.Овој предлог закон во наредниот период ќе биде предаден на економско-социјалниот совет и до Владата на Македонија за да биде ставен во процедура. Потребата од едена ваков закон се јави затоа што се поголем е бројот на работниците врз кои се врши мобинг. Според податоците добиени од последната анкета спроведена од Сојузот на синдикати на Македонија 40 отсто од испитаните работници во Македонија, се незадоволни од она што...

Continue reading

padnata ploca

Срушена плоча поклопи двајца работници во населба Рача

Post Views: 2 Жителите од населбата Рача претпладнево беа вознемирени од сериозен инцидент. При изведување на градежни зафати на летна кујна се срушила бетонската плоча на објектот и ги поклопила двајцата работници кои работеле во моментот. На местото на настанот веднаш пристигнале екипите на првата помош како и противпожарната единица кои успеале да ги извадат повредените од под рушевината. Двајцата работници потоа беа пренесени во специјалната болницата за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“-Охрид. Дополнително на местото на настанот, пристигна и екипа од секторот за внатрешни...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top