Мала надеж за подобро утре на Линдита

После сторијата на ТВМ за Линдита Рамадан, девојчето со церебрална парализа која живее во лоши услови, стручните работници од охридскиот Центар за социјална работа утрово биле во посета на семејството Рамадан.

 |  Николоска Биљана  | 

linditaКако што информираше директорот Екрем Каљоши, на лице место била согледана нивната состојба, од страна на неговите служби и се договориле во понеделник таткото на Линдита да поднесе во Центарот барање за остварување еднократна парична помош како и да ги разгледаат можностите за остварување право на социјална помош.

Каљоши категоричен дека согласно Законот, на Линдита не и следувал надомест за нега од туѓо лице. Исто така директорот кажа дека ги упатиле и во акцијата „Топол дом“, со цел да набават кревет и останата покуќнина која им треба. Инаку семејството Рамадан синоќа преку нашиот медиум упати апел до сите хумани луѓе кои сакаат да помогнат, тоа да го направат, бидејќи секаква помош за нив е добредојдена.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top