Ознака: предлог

Од втор обид изгласана предлог Одлуката за усвојување на Годишната Програма за поставување времени објекти

Post Views: 1 Предлог Одлука за усвојување на Годишната Програма за поставување времени објекти во општина Охрид за 2016 година, точка која предизвика најмногу дискусии на  педесет и седмата седница на Советот на општина Охрид. Откога на минатата седница оваа точка не беше изгласана, денес по втор пат беше ставена на дневен ред со објаснување дека е од исклучително значење за граѓаните на Охрид кои имаат времени објекти. Опозицијата со низа забелешки потенцираше дека со донесувањето на оваа одлука Локалната за едни граѓани ќе биде мајка, а за други маќеа бидејќи во 2013та година на...

Continue reading

Mathew Nimiz

На Грција не и се допаѓа предлогот на Нимиц

Post Views: 6 Атина не е задоволна од предлогот на Нимиц, не ги исполнува нејзините услови и многу веројатно е дека нема да биде прифатен од премиерот Самарас. Ова се првите неофицијални информации од Атина по вчерашната средба во Њујорк. Според информациите на Канал 5, како што на неколкупати имаме објавено проблемот за Грција е во позицијата на географската одредница. па така новиот предлог содржел придавка пред република, а не пред Македонија (нешто што грчката страна не го прифаќа) а како можни имиња се споменуваат Северна Република Македонија и Горна република Македонија. И Катимерини...

Continue reading

Седум предлог книги од НУ Библиотека Охрид

Post Views: 0 За седум дена во неделата – седум предлог книги кои веќе може да се зајмат во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид. Од издавачката продукција на Литература.мк ви ги предлагаме следните наслови: „Автобиографија на Агата Кристи“, „Три желби“ од Лијан Моријати и „Париската библиотека“ од Скеслин Чарлс Џенет. Во овој неделен преглед на нови наслови се и изданијата на Сакам книги, и Матица македонска: „Не напуштај ме “ од Шеви Стивенс и „Луѓе и времиња“ книга прва од познатиот македонски политичар Стојан Андов. Не помалку интересни и возбудливи за читање, барем како такви...

Continue reading

sednica Struga

Урбана опрема, што е тоа?

Post Views: 9 Седница со многу факти, вистини и предупредувања. На самиот почеток на 26 тата седница претседателот на Струшкиот совет ги предупреди советниците да се придржуваат кон дневниот ред и дека на седницата нема место за политички маркетинг. Жестока расправа се отвори уште на самиот старт, поточно на втората точка од дневниот ред, предлог програма за поставување на урбана опрема за 2011 год. Претседателот на комисијата за урбанизам Ќазим Илјази рече оти мора да се почитува програмата за поставување на урбана опрема. Јулијана Зунова од ВМРО – ДПМНЕ побара да се формира анкетна...

Continue reading

logo

Аман за ефтината струја!

Post Views: 8 Граѓанската иницијатива „Аман“ денеска ќе ги предаде во Собранието предлог-измените на Законот за енергетика, за кои во изминативе недели собираа потписи за поддршка од граѓаните. Претставниците на „Аман“ планираат да одржат протестен марш, кој ќе започне во 14 часот пред Спомен-куќата на Мајка Тереза и ќе заврши пред Собранието, по што ќе ја предадат иницијативата потпишана од 13.000 граѓани. Од „Аман“ посочуваат дека ова е само прва иницијатива и дека доколку бидат прифатени предлог-измените, со кои се бара враќање на дневната евтина тарифа на струјата, како и да прекине...

Continue reading

register

Лустрацијата пред пратениците

Post Views: 1 Денес во Собранието на република Македонија на дневен ред ќе биде Предлог законот за определување услов за ограничување за вршење јавна функција. Покрај ова, на дневен ред ќе бидат и повеќе точки од областа на администрацијата, финансиите, судството, културата, екологијата, земјоделството.Во собранието денес ќе се расправа и за предлозите за избор на судии во Уставниот суд, потоа за избор на членовите во Советот на радиодифузија, потоа предлог за разрешување и именување на нов претседател и членови на Комисијата за заштита од конкуренција, потоа избор на заменик директор...

Continue reading

Сообраќаен знак кој го прикажува времето во кое живееме

Post Views: 0 Милиони луѓе стануваат толку зависни од паметните телефони и Facebook така што пред да заспијат и штом се пробудат ги земаат в раце и ги прегледуваат електронската пошта и новитетите на Facebook. Исто така, со својата зависност од телефоните и Facebook не можат да се воздржат ниту при преоѓање на улица па наместо да гледаат лево-десно, нивните очи се вперени во своите уреди. Во еден калифорниски град одлучиле да стават крај на невнимателните пешаци кои не можат да се одвојат од телефоните па поставиле знаци на кои пишува: “Главата горе! Помини ја улицата. Тогаш надогради...

Continue reading

tuntev

Пратеникот Томислав Тунтев поднесе предлог Закон за измени во Законот за заштита од пушењето

Post Views: 10 Пратеникот од СДСМ од Охрид, Томислав Тунтев, како овластен предлагач, во Собранието на Република Македонија поднесе предлог Закон за измени во Законот за заштита од пушењето, со кој се предвидува одредено олабавување на постоечките строги и ригирозни законски одредби. Со бројните измени и дополнувања на Законот од 2008 година наваму, воведувани се се’ построги правила кои, особено во однос на угостителските објекти, се премногу ограничувачки, како за пушачите – корисници на угостителските услуги, така и за вршителите на угостителската дејност. Актуелното...

Continue reading

vozacka

Возачката на 16 години ги дискриминира послабите ученици?!

Post Views: 1 Комисијата за заштита од дискриминација денес упати Мислење до Собранието на Република Македонија по однос на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Комисијата укажа дека законската одредба која предвидува одличен успех како услов за оспособување за управување со возила е дискриминаторска и е на мислење дека успехот постигнат во училиштата не влијае врз развојот на моторните вештини кај малолетниците со наполнети 16 години, кои се неопходни за совладување на техниките за управување со моторно возило. Со оваа...

Continue reading

Охридските хотелиери и угостители бараат ревидирање на предлог Правилникот изготвен од ЗАМП

Post Views: 2 Замп се обидува на мала врата да го протне новиот предлог правилник со тарифа на користење на авторски музички дела со нереално високи ставки, обвинуваат засегнатите субјекти.   Здружението на угостителство и туризам при Стопанската комора на Македонија бара ревидирање на Предлог-правилникот со тарифа на користење авторски музички дела, подготвен од  Здружението за заштита на авторски музички дела – ЗАМП. На 28-ми октомври 2015 година, Собранието на ЗАМП го одобрило Предлог-правилникот и објавило јавен повик во рок од 30 дена заинтерсираните страни да достават...

Continue reading

MJP Proakva

Јавно приватно партнерство „ДА“, но строго дефинирано

Post Views: 3 Јавно приватно партнерство само за точно одредени активности. Неодамна струшките советници на последната седница на Советот ја усвоија предлог одлуката за отпочнување постапка за јавно приватно партнерство во МЈП „Проаква“. Некои од граѓаните на Струга кои не сакаа јавно да проговорат пред нашите камери, оваа предлог одлука ја разбраа со доза на резерва. Според нивното размислување отпочнување постапка за јавно приватно партнерство во ова ЈП било несватливо. Првиот човек на МЈП „Проаква“ Бранислав Трпчевски ги појасна работите околу оваа состојба. Директорот децидено...

Continue reading

Izgrev

Браќата Миладинови пуштени на слобода

Post Views: 3 Браќата Ѓорѓи и Димитар Миладинови, кои претходно беа осудени на шест и пол години затвор за случајот „Изгрев“, пуштени се на слобода од притворот во Скопје. Апелациониот суд во Скопје вчера ги уважи жалбите на браќата Миладинови и ја поништи пресудата на скопска единица, со која тие беа осудени за перење пари, измама со кредит, давање исправа со лажни податоци. „Нашата работа беше чиста, парите одеа преку трансакциски сметки. Никогаш не сме учествувале во криминал со перење пари. За казните сметаме дека се драконски. Бараме ослободителни пресуди”, стоеше во жалбите...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top