• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Охридските хотелиери и угостители бараат ревидирање на предлог Правилникот изготвен од ЗАМП

Охридските хотелиери и угостители бараат ревидирање на предлог Правилникот изготвен од ЗАМП

Охридските хотелиери и угостители бараат ревидирање на предлог Правилникот изготвен од ЗАМП.

 |  Валентина Неловска  | 

Замп се обидува на мала врата да го протне новиот предлог правилник со тарифа на користење на авторски музички дела со нереално високи ставки, обвинуваат засегнатите субјекти.   Здружението на угостителство и туризам при Стопанската комора на Македонија бара ревидирање на Предлог-правилникот со тарифа на користење авторски музички дела, подготвен од  Здружението за заштита на авторски музички дела – ЗАМП. На 28-ми октомври 2015 година, Собранието на ЗАМП го одобрило Предлог-правилникот и објавило јавен повик во рок од 30 дена заинтерсираните страни да достават свои писмени мислења до ЗАМП.     

хотамОвој предлог правилник, во ваков облик е  неприфатлив и за охридските  хотелиери и  угостители. Дел од охридските угостители, кои не сакаа да говорат пред камера, само кратко не брифираа дека , покрај неприфатливоста на самиот  предлог правилник,  им пречи и тоа што повеќекратно плаќаат надоместок за користење на музика на повеќе институции. Како што велат, не сакаат да ја избегнат давачката ама бараат јавна дебата на која ќе им се појаснат критериумите за плаќање и каде ќе одат парите од оваа давачка.  Хотам, исто така се произнесол со писмено мислење по новиот предлог правлник. Според  првиот човек на ХОТАМ Крсте Блажевски, вредноста на бодот од 4 денари, преку кој бод ќе се врши пресметката и наплатата на таксата, треба најмалку барем да се преполови, бидејќи пресметките кои произлегуваат од вака предвидениот правилник,  за  нив се многу  високи и преставуваат големо финансиско оптоварување. Од Хотам го наведуваат примерот со давачката од неверојатни 10% од приходот остварен само од новогодишната ноќ, а  се превисоки и  давачките за свадби, крштевки останати веселби. Блажевски вели дека  не се согласуваат и со предвидената давачка  за  реализирано ноќевање по гостин, која изнесува 40 денари.
 
охридХотелиерите и угостителите дополнително посочуваат, дека и со овој правилник, како и со претходниот,  нема целосен приказ за што ќе се користат средствата собрани на сметката  на ЗАМП

Работењето на ЗАМП, но и на останатите здружениија кои се занимавааат со заштита на сите можни авторски права, а се регистрирани во државава со амин на Министерството за култура, најпрецизно се дефинира со следнава реченица од дописот на ХОТАМ. Цитирам “целта на ова здружение е само прибирање на парични сретдстав без при тоа да внимава што би се случило сопарвниет лица кои ќе терба да ги плаќаат вакавите давачки“.

Инаку, На состанокот во Стопанската комора хотелиерите и угостителите донесле заклучок  во следните денови да се допрецизираат забелешките и предлозите  кои ќе бидат доставени до  ЗАМП. За забелешките ќе бидат информирани и Министерството за култура како надлежно за Законот за авторското и сродните права и Комисијата за култура при Владата на РМ, тело кое го контролира спроведувањето на Законот, информираат од Стопанската комора.
За овој Предлог-правилник со тарифа на користење авторски музички дела, амин треба да даде  Владата на РМ.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top