Возачката на 16 години ги дискриминира послабите ученици?!

Комисијата за заштита од дискриминација денес упати Мислење до Собранието на Република Македонија по однос на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

 |   | 
vozacka
возачка

Комисијата укажа дека законската одредба која предвидува одличен успех како услов за оспособување за управување со возила е дискриминаторска и е на мислење дека успехот постигнат во училиштата не влијае врз развојот на моторните вештини кај малолетниците со наполнети 16 години, кои се неопходни за совладување на техниките за управување со моторно возило.

Со оваа одредба, според Комисијата се врши неповолно постапување со учениците кои имаат послаб успех во училиште без оглед на нивните моторни способности со што истите се доведуваат во нееднаква положба.

Комисијата бара при донесување на овој Предлог-закон, Собранието да го земе во предвид нивното мислење.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top