Ознака: почина

Два нови случаи на Ковид, 19 во Охрид, почина една пациентка од Скопје

Post Views: 1 Во последните 24 часа се направени 1885 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 39 -Куманово 10 -Штип 23 -Прилеп 1 -Тетово 8 -Струга 6 -Битола 3 -Охрид 2 -Гостивар 13 -Крива Паланка 2 -Кочани 3 -Пробиштип 1 -Демир Хисар 3 -Македонски Брод 3 -Берово 1 -Виница 3 -Кратово 1 -Свети Николе 1 -Кичево 18 Почината е една пациентка од Скопје во болнички услови. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 161 оздравени пациенти од: -Скопје 60 -Куманово 7 -Прилеп 4 -Тетово 3 -Струга 15 -Велес 1 -Охрид 3 -Кавадарци 7 -Гостивар 35 -Радовиш 1 -Крушево...

Continue reading

Почина жената која синоќа беше повредена во сообраќајка на улицата „Сирма Војвода“

Post Views: 1 Вчера во 18 часот и 30 минути, на ул.„Сирма Војвода“ во Охрид, патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од  19 годишен скопјанец удрило во пешак (58 годишна) М.Т.од Охрид.  Жената била префрлена за укажување на лекарска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде им подлегнала на повредите. На местото на незгодата бил извршен увид од Јавен обвинител, судски вештак и полициски екипи. Ова е прва сообраќајна несреќа во Охрид со жртва  за време на летната сезона кога е зголемена фрекфенцијата на возила.Во текот на јуни и јули  во...

Continue reading

Почина Атанас Ковачевски

Post Views: 0 Ненадејно почина новинарот и портпарол на компанијата ЕВН Атанас Ковачевски. Од ЕВН потврдија дека Ковачевски починал рано утринава, а претходно немал посериозни хронични и здравствени проблеми. Ковачевски имаше 50 години. Долги години беше новинар во неколку медиуми меѓу кои и во Македонската радио телевизија. Последните 10 години беше портпарол на австриската компанија. „Ковачевски со својата исклучителна професионалност и колегијалност даде огромен придонес во отвореноста на компанијата и нејзината комуникација, а со тоа генерално и во развојот на енергетскиот сектор...

Continue reading

Почина легендарната Деби Рејнолдс, само еден ден по смртта на својата ќерка

Post Views: 3 Легендарната актерка Деби Рејнолдс, која ќе остане запаметена по своите улоги во класиците, меѓу кој и „Танцувајќи на дождот“ сабајлево почина на 84-годишна возраст, само еден ден по смртта на нејзината ќерка, Кери Фишер. Рејнолдс била однесена во болницата во Лос Анџелес откако почнала да се жали поради проблеми со дишењето, по што најверојатно доживеала удар и итно е префрлена во болница. Деби била со својот син Тод Фишер, во неговата куќа во Беверли Хилс, кога некој од домашните во еден час по полноќ, повикал брза помош. Нејзината смрт ќе остави празнина на уште една...

Continue reading

Почина поп ѕвездата Џорџ Мајкл

Post Views: 6 Џорџ Мајкл (роден како Георгиос Кириакос Панајоту 25 Јуни 1963 – 25 декември 2016) — британски музичар, пејач, текстописец и продуцент за снимање кој се издигна помеѓу славните во 1980-тите кога го оформи поп-дуото “Wham!” (Вем!) со неговиот средношколски другар Ендру Ридгелеј. Неговата прва соло песна “Careless Whisper” (Безгрижен Шепот) излезе додека тој се уште беше дел од дуото, и продаде околу шест милиони копии низ цел свет. Како еден од најпродаваните светски музичари, Мајкл има продадено повеќе од сто милиони албуми низ целиот свет до 2010 година. Неговиот...

Continue reading

Стивна магичниот глас, почина Леонард Коен

Post Views: 5 Пејачот и поет Леонард Коен почина во четвртокот на 82-годишна возраст. Ќе го паметиме по безбројните хитови и прекрасната лирика. Нема детали за причината за неговата смрт. Коен беше еден од највлијателните музичари и текстописци кој се појави во 1960-те години, заедно со други легенди како Нобеловиот лауреат Боб Дилан и сонародникот Џони Мичел. Неговиот впечатлив баритон и поетската лирика раскажуваа приказни за љубов, омраза, смрт, војна и мир, со што ја заработи титулата „висок свештеник на патосот“ и „кум на мракот“. Неговото дело опфаќа пет децении во кои објави...

Continue reading

Почина Васил Атанасов, пејачот на хитот „Кој не раздели“

Post Views: 8 По подолго боледување, во Германија почина фолк пејачот Васил Атанасов, а веста за неговата смрт ја споделија пријателите, кои преку Фејсбук се простуваат од него. Атанасов потекнува од струмичкото село Дабиле. По завршувањето на средното музичко училиште во Штип беше член на повеќе музички групи. Во меѓувреме работел и како наставник по музичко во повеќе училишта, а неговите ученици го паметат како „распеаниот наставник“. Тој редовно настапуваше на музичкиот фестивал за народна музика Фолк фест Валандово, а во 1993 година со песната „Кој нѐ раздели“ доби втора награда...

Continue reading

Ertugrul Osman

Почина последниот османлиски султан

Post Views: 0 ИСТАНБУЛ – Ертугрул Осман – кој веројатно би бил познат во Турција како “последниот отомански султан ” – почина во Истанбул на 97 години. Осман би бил султан на Отоманското царство доколку не беше создадена модерната турска република во 1920-тите години. Како последниот преживеан внук на султан Абдул-Хамид Втори тој би бил познат како Царско височество принц Шехзад Ертугрул Осман Ефенди. Роден во Истанбул во 1912 година Осман поголем дел од животот го поминал живеејќи скромно во Њујорк. Тој имал 12 години и се наоѓал на училиште во Виена...

Continue reading

Почина претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли

Post Views: 9 Претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли почина на 65 години. Поранешниот италијански новинар бил сериозно болен повеќе од две недели и минатиот месец бил примен во болницата во Авијано поради компликации со имунолошкиот систем. Сасоли им се врати на своите задолженија во ноември откако во септември беше хоспитализиран во Стразбур поради сериозна пневмонија. Гласањето за негов наследник веќе беше закажано за овој месец и Сасоли навести дека нема да се кандидира за нов мандат. Поранешниот телевизиски спикер беше избран за претседател на Европскиот парламент...

Continue reading

Почина актерот Бата Живојиновиќ

Post Views: 0 Синоќа во 22.45 во болницата Свети Сава во Белград, почина актерската легенда Велимир Бата Живојиновиќ каде беше хоспитализиран пред еден месец откако му беше влошена здравствената состојба.Живојиновиќ во текот на 60-годишната кариера има одиграно најмногу улоги во целиот регион, а во светот е познат по улогата во филмот „Валтер го брани Сараево“ на Хајрудин Крвавац, што беше мегапопуларен во Кина, каде дури имаше и пиво со неговиот лик на етикетата.На филм дебитираше во 1955 со улогата во „Песна од Кумбара“ на Радош Новаковиќ, а првата поголема улога ја има во „Воз...

Continue reading

Почина американската оперска дива Џеси Норман

Post Views: 5 Фестивалот „Охридско лето“ жали за големата загуба, смртта на американската оперска дива, Џеси Норман(74) која ќе остане запишана во фестивалската историја како една од најголемите ѕвезди кои настапиле на сцената од „Охридско лето“. Големите личностисекогаш имале посебно место на сцената на „Охридско лето“.Вечно ќе ибидеме благодарни на најголемата светска ѕвезда во музичката уметност која на 48-то „Охридско лето“ одржа концет за паметење. Нејзиниот раскошен глас остави печат на величина на уметник што го вивна фестивалот далеку на врвот меѓу најдобрите, ги помести границите...

Continue reading

Почина таткото на „Пецко“

Post Views: 4 По тешко и долго боледување, почина Дарко Марковиќ, познатиот карикатурист, сатиричар, филмски режисер, автор на популарниот стрип Пецко. По тешко и долго боледување, почина Дарко Марковиќ, познатиот карикатурист, сатиричар, филмски режисер. Роден е во Скопје во 1940 година. Богато и уникатно творештво остави Марковиќ и како сценарист и сценограф, аниматор, стрип цртач, илустратор и дизајнер. Во 1966 година дипломира архитектура, а во 1972 година специјализира анимиран филм во Загреб, под менторство на оскаровецот Душан Вукотиќ. Професионалната кариера како карикатурист...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top