Почина претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли

Претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли почина на 65 години. Поранешниот италијански новинар бил сериозно болен повеќе од две недели и минатиот месец бил примен во болницата во Авијано поради компликации со имунолошкиот систем.

 |   | 

Сасоли им се врати на своите задолженија во ноември откако во септември беше хоспитализиран во Стразбур поради сериозна пневмонија. Гласањето за негов наследник веќе беше закажано за овој месец и Сасоли навести дека нема да се кандидира за нов мандат.

Поранешниот телевизиски спикер беше избран за претседател на Европскиот парламент во јули 2019, кога победи тројца други кандидати.

Тој ја напушти тридецениската кариера во новинарството за да стане европарламентарец во 2009. Беше член на Прогресивната алијанса на социјалисти и демократи, втората најголема група во парламентот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top