Ознака: почина

Горјан Тозија

Почина филмскиот продуцент Горјан Тозија

Post Views: 27 На 68-годишна возраст почина филмскиот продуцент Горјан Тозија, кој беше и државен секретар во Министерството за култура и советник во Kабинетот на претседателот Бранко Црвенковски, претседател на Друштвото на филмски работници (ДФРМ), а во 1993 година и директор на „Вардар филм“. Во продукција на „Вардар филм“, додека тој беше директор се снимија филмовите „Пред дождот“, „Ангели на отпад“, „Преку езерото“, „Џипси меџик“. „Вардар филм“ тогаш учествуваше и во реализацијата на два холивудски филма кои се снимаа во Македонија, „Миротворец“ и „Добредојде во Сараево“.

Continue reading

ТАЖНА ВЕСТ: Почина актерот Славиша Кајевски

Post Views: 20 Македонскиот народен театар информира дека нивниот актер Славиша Кајевски трагично го загуби својот живот. Кајевски е роден на 01 февруари 1982 година во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра, во класата на проф. Владимир Милчин, во 2005 г. Од 2010 г. е актер во Македонски народен театар – Скопје. -Не’ остави збунети, во болка и во неверување! Не остави во длабока тага! Остана да замислуваме што уште можеше да направиш во животот, на театарската сцена и пред камерите! Ти секогаш...

Continue reading

погребна кола

13-годишно момче од Србија почина од Ковид-19

Post Views: 8 Во Србија, соочена со предупредувачки висок тренд на смртни случаи и нови инфекции во петтиот бран, се зголемуваат барањата да се воведе 24 часовна важност на Ковид – пропусниците, а не како сега по 22 часот. Бројот на нови заразени од почетокот на септември постојано е над 5.000 на дневна основа, а најмногу заразени од почетокот на пандемијата се регистрирани на 28 септември – 8467. Оваа вест изминативе денови беше проследена со извештаи од детските болници за четири бебиња на респиратори. 13-годишно момче за кое било потврдено дека има Ковид-19 пред еден месец,...

Continue reading

Потврдени се 7 нови случаи на ковид-19, почина еден пациент

Post Views: 9 Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 47 оздравени пациенти. – Скопје 9– Куманово 9– Прилеп 8– Тетово 13– Охрид 1– Гостивар 5– Кочани 1– Крива Паланка 1 Во изминатите 24 часа направени се 113 тестирања, а потврдени се 7 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-1, Прилеп-1, Тетово-4 и Кратово-1. Досега се направени вкупно 17.359 тестирања на КОВИД-19. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина еден пациент од Скопје на 65 годишна возраст, хоспитализиран на клиниката од 27 април. Вкупната бројка...

Continue reading

Почина боксерската легенда Мохамед Али

Post Views: 6 Мохамед Али, еден од најдобрите спортисти на сите времиња, почина во болницата во Феникс, на 74 годишна возраст, каде ги помина последните два дена, изјавил за NBC портпаролот на фамилијата Bob Gunnell. Трикратниот светски првак во тешка категорија со години се бореше со Паркинсоновата болест која му беше дијагностицирана во 1984 година, три години откако се повлече од боксот. Болеста често се поврзуваше со трауми во главата, а состојбата на Али во последните години дополнително се влоши па појавувањето во јавноста го сведе на минимум. Али во кариерата имаше вкупно 61...

Continue reading

погребна кола

15-годишно девојче почина од Ковид-19

Post Views: 3 Петнаесетгодишна пациентка од селото Селце, Тетовско, починала денеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, соопшти Министерството за здравство со голема жалост. Пациентката со многу тешка клиничка слика била донесена на Инфективната клиника откако 13 дена претходно била со симптоми на болеста. Пред да биде болнички лекувана, пациентката имала тегоби 10 дена. Според медицинскиот извештај, станува збор за исклучително тежок случај, со развиена тешка форма на болеста, а пациентката била со обезитас, соопшти Министерството. Како што додаваат оттаму,...

Continue reading

ТАЖНА ВЕСТ: Почина пејачот Маринко Роквиќ

Post Views: 9 Пејачот Маринко Роквиќ почина денеска во Белград на 68-годишна возраст, пренесоа српските медиуми. Неодамна во јавноста излегоа информации дека Маринко е хоспитализиран и дека здравјето му е во влошена состојба, пренесува „Mondo“. Кариерата на овој пејач започна во 1974 година, а низ годините сними 21 студиски албум и неколку сингл-плочи. Јавноста го знае по огромниот број хитови „Skitnica“, „Svađalice moja mala“, „Potražiću“, „Zanela me svetla velikog grada“, „Polomio vetar grane,“, „Jedina mojа“ и многу други. Роден е во јануари, 1954 година во Босански Петровец....

Continue reading

ТРАГЕДИЈА : Почина поранешната ракометна репрезентативка Јулија Николиќ

Post Views: 7 Вистински шок за македонската спортска јавност предизвика информацијата дека починала поранешната ракометна репрезентативка Јулијана Николиќ. Претходно позната по презимето Портјанко, натурализираната Македонка пристигна во редовите на Кометал Ѓорче Петров во 2003 година, а потоа ја прифати и понудата да настапува за нашата репрезентација. Последните натпревари за македонската репрезентација ги одигра во 2012 година.   По настапите за Кометал, од 2009 година Николиќ беше членка на неколку европски екипи, по што се врати во Македонија и го носеше дресот на ЖРК...

Continue reading

24-годишно момче од Ресен почина од Ковид-19

Post Views: 1 Од Министерство за здравство за 24 годишниот пациент од Ресен кој почина како последица на Ковид-19 велат дека тој на инфективното одделение во болницата во Битола бил примен на 24 август како суспектен на болеста. Пациентот, според министерството, имал ниска сатурација и отежнато дишење, биле направени сите потребни лекарски проверки, притоа тој имал масивна бронхопневмонија, ниска сатурација и веднаш му била дадена терапија и бил ставен на кислородна поддршка. Откако ја примил терапијата, пациентот одбива да остане на болничко лекување, иако запознаен со сериозноста...

Continue reading

21-годишно момче почина од ковид-19

Post Views: 1 Дваесет и едногодишно момче е меѓу шестмината пациенти кои починаа од КОВИД во тетовската болница изминатите 24 часа. Како што вели координатор во КОВИД центарот, Гзим Нуредини, од седум часот вчера до седум часот утрово, на болничко лекување се примени вкупно 17 лица, а деветмина се отпуштени од болничко лекување. Имаме починати шест лица од кои најмладиот е на 21 година. Бројот на вкупно хоспитализирани е 123 лица од кои една доза вакцина имаат само осум лица, а две дози само седум луѓе – информира Нуредини. За преглед или контрола во амбулантата на ковид-центарот...

Continue reading

Почина Марина Туцаковиќ

Post Views: 1 Најпознатиот српски текстописец, Maрина Туцаковиќ по тешко боледување, почина на 67 години. Последните денови ги помина во КБЦ „Драгиша Мишовиќ“, каде што беше префрлена откако во вторникот и се влоши здравствената состојба. Туцаковиќ беше позитивна на коронавирус и беше ставена респиратор, но не ја издржа борбата. За потсетување, во 2018 година на Марина и беше дијагностицирано рак на дојка и оттогаш се лекуваше. За жал, не ја издржа битката од опасната болест. Туцаковиќ беше една од најпознатите регионални текстописци, има напишано голем број хитови за Лепа Брена,...

Continue reading

Трагедија : Фудбалски тренер почина по удар од гром

Post Views: 7 Во текот на фудбалскиот натпревар во село Лесичово во Бугарија се случи голема несреќа, кога гром го погоди и уби тренерот Иван Ранчев. Тоа се случило за време на пријателски меч меѓу Лесичово и Ботев, кога најпрво почнал силен дожд, а потоа и грмотевици. Еден од нив погодил и фудбалер, но тој преживеал со лесни повреди. Во моментот на несреќата на теренот немало доктор затоа што станувало збор за пријателски меч, а итната помош по доаѓањето констатирала смрт кај тренерот.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top