Ознака: почина

trojlejbus

Бројот на жртвите од бомбашките напади во Русија се искачи на 33

Post Views: 2 Во текот на ноќта во болница почина уште еден од повредените во експлозијата што се случи пред два дена на железничка станица, како и уште еден повреден во вчерашниот напад во тролејбусот. Бројот на загинати во двата бомбашки напади во Волгоград се искачи на 33. Во текот на ноќта во болница почина уште еден од повредените во експлозијата што се случи пред два дена на железничка станица, како и уште еден повреден во вчерашниот напад во тролејбусот. Инцидентот предизвика голема безбедносна операција на повеќе од 4000 полицајци и распоредување на внатрешни трупи во земјата....

Continue reading

Umberto Panini

Почина Умберто Панини

Post Views: 2 Во петокот на 83-годишна возраст почина Умберто Панини, креаторот на познатите сликички кои го одбележаа нашето детство. Тој беше последниот жив од четворицата браќа Панини. Четворицата „крадци” кои со нивните албуми ни го украдоа детството. Освен новата (интернет) генерација, тешко дека постои фудбалски фанатик кој првите емоции и фудбалски спомени не го поврзуваат со сликичките од албумите на Панини. {loadposition content9}

Continue reading

Почина легендата на фудбалот Диего Армандо Марадона

Post Views: 1 Претседателот на Аргентина Алберто Фернандес прогласи тридневна жалост поради смртта на легендарниот фудбалер Диего Армандо Марадона. Марадона, почина од срцев удар, во својот дом во Тигре, на 61-годишна возраст. Поранешниот фудбалер на Бока јуниорс, Барселона, Наполи, Севилја…за многумина е најдобриот во историјата на фудбалот.м Во 1986 година на Аргентина и ја донесе светската титула, поради што во својата земја се стекна со статус на божество.

Continue reading

venezuela zena

Почина претседателот на Венецуела, Хуго Чавез

Post Views: 6 58-годишниот претседател на Венецуела, Хуго Чавез, почина откако долго се бореше со рак, објави венецуелскиот потпретседател. По операцијата на Куба, Чавез се врати во татковината на постоперативен третман, но прогнозите не беа многу оптимистични. Од јуни 2011-та Чавез беше на хемотерапија и му беа направени повеќе операции. По последниот хируршки зафат на Куба не се појави во јавноста, туку само беа објавени неколку негови фотографии.Чавез себе си се нарекуваше социјалист на 21-от век.Чавез беше на чело на Венецуела 14 години. Беше познат како еден од најистакнатите,...

Continue reading

corona virus

Коронавирусот сее страв низ светот

Post Views: 3   Во Саудиска Арабија почина еден човек заболен од новиот вирус на САРС со што бројот на смртни случаи од таа болест во светот е зголемен на седум, соопшти Светската здравствена организација. Саудискиот министер за здравство ги известил СЗО дека пациентот кој бил хоспитализиран на 29 јануари починал на 10 февруари, се додава во соопштение на СЗО. Лабораторија соопшти на 18 февруари дека еден човек починал од новиот коронавирус или NCoV.Досега СЗО добиле 13 пријави за случаи на зараза со тој вирус откако за првпат беше откриен во средината на минатата година. Три случаи...

Continue reading

Почина 11 годишниот Илче од Охрид

Post Views: 1 Синоќа починал 11годишниот Илче од Охрид  во Специјаниот завод  Демир Капија каде од скоро беше штитеник. Момчето кое имаше ретка дијагноза, беше згрижено во семеен дом пред еден месец, откако претходно било пронајдено како целосно запуштено живее само во исклучително лоши услови во Охрид. Од Министерството за труд и социјална политика велат дека детето починало ненадејно.„Со жалење информираме дека единаесетгодишниот И.В. синоќа ненадејно почина во Групниот дом при Специјалниот завод Демир Капија, во село Корешница, Општина Демир Капија. Детето беше примено во Групниот...

Continue reading

Медицинска сестра од Општа болница Охрид почина од Ковид 19

Post Views: 0 Денес Општа Болница Охрид тагува. Нашата медицинска сестра Дијана Димоска, родена на 29.09.1971 година во Загреб, ја загуби битката со подмолниот вирус COVID-19, објавија на  официјалниот профил на Facebook од ЈЗУ „Општа болница“- Охрид. „Својот професионален ангажман го започна во 1993 година на одделот ОРЛ, потоа во невропсихијатриски оддел, а последните години беше дел од тимот во одделението за интерни болести. Нејзината прерана смрт е голема загуба за нејзиното семејство и за сите нас. Загубивме професионалец, медицинска сестра со ведар дух и топлина. Омилена кај...

Continue reading

48 годишен охриѓанец почина од Ковид 19

Post Views: 3 Во последните 24 часа се направени 1504 тестирања, а регистрирани се 143 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 43-Куманово 16-Штип 4 -Прилеп 9 -Тетово 6 -Струга 2 -Велес 3 -Охрид 2 -Кавадарци 3 -Гостивар 6 -Гевгелија 4 -Струмица 11 -Радовиш 1 -Кочани 15 -Пробиштип 1 -Пехчево 1 -Валандово 3 -Виница 2 -Делчево 3 -Свети Николе 5 -Кичево 2  -Неготино 1 Починати се 9 лица, пациент од Виница (70г), двајца пациенти од Струмица (по 67г), еден пациент од Охрид (48г), од Гостивар (64г), двајца пациенти од Тетово (70 и 71г) и двајца од Куманово (68 и 77г). Денеска Институтот за јавно...

Continue reading

IN MEMORIAM Почина новинарот Драган Чубриќ

Post Views: 3 По кратко боледување, рано  утово почина  Драган Чубриќ (67) , долгогодишен новинар од Охрид. Чубриќ дипломирал новинарство во Белград. Имаше плодна и богата новинарска кариера. Беше  дописник на дневните весници „Нова Македонија“, „Вест“, во еден период  работеше и како уредник во ТелевизијА ТВМ – Охрид , сопственик на порталот „ОhridLive“, последните години беше дел од тмот на „SDK“. Негова пасија беа малите модели на авиони, беше  претседател на Аерооклубот „Охрид”.  Ќе остане запаметен по љубовта кон новинарството,  како доследен и професионален новинар...

Continue reading

54 годишен охриѓанец почина од Ковид 19

Post Views: 1 Во последните 24 часа се направени 1253 тестирања, а регистрирани се 98 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 17-Куманово 13-Прилеп 11-Тетово 10-Струга 5-Велес 2-Битола 1-Охрид 3-Кавадарци 4-Гостивар 7-Гевгелија 7-Струмица 2-Крива Паланка 2-Кочани 3-Пробиштип 1-Македонски Брод 1-Берово 1-Виница 2-Делчево 2-Свети Николе 2-Ресен 2 Починати се 2 лица во болнички услови, пациент од Охрид (54г) и пациентка од Радовиш (51г). Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 56 оздравени пациенити од: -Скопје 19-Куманово 7-Прилеп 5-Тетово 3-Струга 3-Битола 1-Охрид 1-Гостивар 7-Крива...

Continue reading

Почина чешкиот филмски режисер Јиржи Менцел

Post Views: 0 Чешкиот филмски режисер Јиржи Менцел почина на 82-годишна возраст по долго боледување, соопшти синоќа неговата сопруга Олга Менцелова. Менцел е добитник на Оскар за најдобар странски филм во 1967 година за „Строго контролирани возови“, драма од Втората светска војна. Филмот е сниман во црно-бела техника и се случува за време на нацистичката окупација на Чехословачка, а се однесува на еден млад човек, Милош, чирак кој контролира возови на станица во еден чешки град и неговите обиди да ја изгуби невиноста. Менцел е роден на 23 февруари 1938 година во Прага, Чехословачка...

Continue reading

Ante Markovic

Почина Анте Марковиќ, последниот премиер на СФРЈ

Post Views: 4 Некогашниот и последен претседател на Сојузниот извршен совет на СФРЈ Анте Марковиќ почина на 87-годишна возраст во Загреб. Кон крајот на 1989 година покрена економски реформи за стабилизирање на динарот, како и приватизација по пат на доделување акции на работниците. Резултатот од реформите беше спречување на инфлацијата, која зема замав во текот на 80-тите години од минатиот век, како и брзо и значајно, иако кратко, зголемување на животниот стандард. Тоа во тој момент го направи Марковиќ еден од најпопуларните политичари во југословенската историја. Својата популарност...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top