Почина чешкиот филмски режисер Јиржи Менцел

Чешкиот филмски режисер Јиржи Менцел почина на 82-годишна возраст по долго боледување, соопшти синоќа неговата сопруга Олга Менцелова.

 |   | 

Чешкиот филмски режисер Јиржи Менцел почина на 82-годишна возраст по долго боледување, соопшти синоќа неговата сопруга Олга Менцелова.

Менцел е добитник на Оскар за најдобар странски филм во 1967 година за „Строго контролирани возови“, драма од Втората светска војна. Филмот е сниман во црно-бела техника и се случува за време на нацистичката окупација на Чехословачка, а се однесува на еден млад човек, Милош, чирак кој контролира возови на станица во еден чешки град и неговите обиди да ја изгуби невиноста.

Менцел е роден на 23 февруари 1938 година во Прага, Чехословачка и студирал режија во Прага, каде што дипломирал во 1962 година. Тој исто така работел како актер, а го режираше и го напиша филмот „Му служев на англискиот крал“ од 2006 година.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top