Почина 11 годишниот Илче од Охрид

Момчето кое беше напуштено од родителите и по обелоденувањето на неговата потресна судбина  беше лекувано на Клиниката за детски болести во Скопје, од каде пред точно два месеца замина да живее во групен социјален дом.

 |   | 


Синоќа починал 11годишниот Илче од Охрид  во Специјаниот завод  Демир Капија каде од скоро беше штитеник. Момчето кое имаше ретка дијагноза, беше згрижено во семеен дом пред еден месец, откако претходно било пронајдено како целосно запуштено живее само во исклучително лоши услови во Охрид.

Од Министерството за труд и социјална политика велат дека детето починало ненадејно.
„Со жалење информираме дека единаесетгодишниот И.В. синоќа ненадејно почина во Групниот дом при Специјалниот завод Демир Капија, во село Корешница, Општина Демир Капија. Детето беше примено во Групниот дом на 7 август оваа година. Неговата здравствена состојба изминатиов период беше стабилна и постојано беше под надзор на стручни лица. Смртта синоќа настапила ненадејно.“– велат од Министерството.

Основното јавно обвинителство Кавадарци во координација со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи, извршија увид во семејна единица во село Корешница, Демир Капија, каде синоќа починало детето.  Јавниот обвинител издал наредба за обдукција на телото на починатото дете, во насока на откривање на причините за настанатата смрт.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top