Ознака: почина

Почина 5-годишниот Рајан откако беше извлечен од бунарот во Мароко

Post Views: 2 По неколку дена драматично спасување, спасувачите успеаја да го извлечат малиот Рајан, но за жал, тој не успеа да преживее, пренесуваат светските агенции. Момчето кое имаше пет години во вторникот паднало во бунарот.  Бунарот му припаѓал на неговиот татко и се наоѓа во Мароко на северот на земјата. Таткото им рекол на новинарите дека во вторникот го поправал бунарот и дека Рајан си играл во близина. Само за момент го испуштив од очите. Потоа падна – рекол таткото и додал дека оттогаш не спие. Неговата смрт потресе милиони луѓе кои ја следеа акцијата за спасување...

Continue reading

In Memoriam: Почина Проф. Милица Марковска

Post Views: 1 Синоќа во 93тата година од животот , почина Милица Марковска, професор по историја во пензија и истакната граѓанка на Охрид, носителка на ордени, медали и награди за својата педагошка работа и општествени активности. Милица Марковска e родена во с. Јанковец , Ресен во 1926 година. Учела во Битолската гимназија , а завршила во Пожаревац во 1944 година. Виша педагошка школа и Филозофски факултет, група историја , завршила во Скопје во 1956 година. Како професор по историја првото веработување и било во Женската гимназија во Скопје а потоа целиот свој работен век го поминала...

Continue reading

Почина пензионираниот дописник од МИА Борис Ѓорѓиоски

Post Views: 0 На 75 годишна возраст ВИКЕНДОВ , по кратко боледување, почина пензионираиот дописник на МИА од Охрид Борис Ѓорѓиоски . Новинарството беше неговата животна определба, професијата од која се пензионира, но не престана да ја работи и после тоа. Студирал во Загреб политички студии, отсек новинарство. Работеше во Радио Белград, каде беше познат по неговите интервјуа и репортажи. По кусото волонтирање во „Политика“, добил уредничко место во Радио Младеновац, а потоа станува и дописник на Радио Белград од Скопје. По распаѓањето на поранешна СФРЈ, се враќа во Охрид и го отвора...

Continue reading

Почина францускиот актер Жан-Пол Белмондо

Post Views: 3 Познатиот француски актер Жан Пол Белмондо почина во понеделникот во својата куќа во Париз на 89-годишна возраст. Оваа вест ја објави неговиот адвокат за агенцијата АФП. Белмондо стана познат по улогите во филмовите „Нов бран“ во 1960 -тите, а во 1970 -тите стана sвезда на акциони филмови. Тој беше најпознат по улогите во филмовите „До последниот здив“ (1960) и „Човекот од Рио“ (1964). Откако доживеа мозочен удар во 2001 година, Белмондо престана да глуми, но се врати на сцената во 2008 година и глумеше во филмот на Френсис Хастер „Човекот и неговото куче“. Во 2015...

Continue reading

prince

Почина поп легендата

Post Views: 9 Музичкиот аристократ Принц почина на 57 годишна возраст. Последниве денови се бореше со компликации од грип, а бил најден мртов во неговата резиденција и студио надвор од неговиот роден Минеаполис. Смртта е потврдена од публицистот на Принц и неговите блиски а полицијата не открива детали но го истражува случајот.Принц Роџерс Нелсон имаше само 19 години кога го издаде својот прв албум For You. На тој албум има 27 инструменти. Од прв до последен, сите ги свири Принц. Славата ја стекнува со албумот “1999” od 82-рa, привлекувајќи го вниманието врз својот раскошен...

Continue reading

zaha

Почина Заха Хадид, архитектот кој ги помести границите на урбаниот дизајн

Post Views: 1 Меѓународно признатата ирачко-британска архитектка Зака Хадид, првата жена којашто ја доби наградата Прицкер, позната во професионалните кругови како „кралица на деструктивизмот“ чии дела може да се сретнат речиси по целиот свет од Америка до Азија, почина во четвртокот во Мајами , објави ирачката државна телевизија. За Заха Хадид колегите велат дека работејќи на своите проекти, таа едноставно не создавала зданија, туку ги впишувала во пејзажот, исполнувајќи ги своите креации со смила и мултифункционалност. „’Заха Хадид Архитектс’ со голема тага потврдува дека Заха Хадид...

Continue reading

На 112 години почина најстариот маж во светот

Post Views: 1 Најстариот маж во светот, Сатурнино де ла Фуенте Гарсија од Шпанија, почина на возраст од 112 години и 341 ден, соопштија од Гинисовата книга на рекорди. Гарсија во септември, 2021 година го собори Гинисовиот рекорд за најстара личност во светот, пренесе Њујорк Пост. Следниот месец ќе го славеше својот 113 роденден. Роден е на 11 февруари 1909 година, а зад себе остави 7 ќерки, 14 внуци и 22 правнуци. Во 1933 година се оженил со Антонина Барио Гутерес. Бил висок само метар и половина поради што успеал да избегне учество во Шпанската граѓанска војна во 1936 година. Наместо...

Continue reading

VASIL SISKOV

Ненадејно почина актерот Васил Шишков

Post Views: 5 Актерот Васил Шишков почина ненадејно во Скопје. Тој е син на легендата на македонското актерство Ристо Шишков. Роден е 1970 година во Скопје, а на театарската сцена се појави во 1991 година. Има настапувано во повеќе македонски филмови, а последната негова улога на филм беше во „Сенки“ на Милчо Манчевски. Шишков има глумено и во серијалот „Македонски народни приказни“ и во филмовите „Џипси меџик“, „Бог да ги убие шпионите“, „Македонија може“ „Бумбари“ и други. {loadposition content9}

Continue reading

Почина познатиот охридски историчар на уметност, Гоце Ангеличин Жура

Post Views: 0 Синоќа на 67-годишна возраст почина познатиот охридски историчар на уметност, Гоце Ангеличин Жура.Роден е 1951 година. Основно и средно образование завршил во Охрид, а дипломирал на Филозофскиот факултет, група Историја на уметност со археологија, прва генерација. Работниот ангажман го започнал во Заводот за заштита на спомениците на културата и Народен музеј во Охрид, со звање советник конзерватор каде останал до самото пензионирање. Жура посебно се истакнува како основоположник и втемелувач на теренските истражувања на пештерските цркви и монашки живеалишта во охридско-преспанскиот...

Continue reading

rej tomlison

Почина програмерот кој ја измисли електронската пошта

Post Views: 7 Реј Томлисон, американски програмер заслужен за постоење на и-мејл комуникацијата, почина на 74-годишна возраст. Томлисон починал во саботата од последици на срцев удар. Во 1971 година американскиот компјутерски програмер ја измисли електронската пошта која може да се испраќа од една во друга мрежа. Неговиот изум вклучува и употреба на симболот @ во и-мејл адресите. Томлисон го испрати првиот и-мејл додека во Бостон работел како инженер во истражувачка компанија.

Continue reading

Почина Аки Рахимовски фронтменот на „Парни ваљак“

Post Views: 6 Денеска на 66 годишна возраст почина пејачот и фронтмен на групата „Парни ваљак“, Аки Рахимовски, објавија хрватските медиуми. Веста за смртта беше објавена и на официјалната страна на „Парни Ваљак“ на социјалните мрежи. Според информациите во медиумите, на Рахимовски утрово му се слошило и бил префрлен во болница, каде што подоцна починал. Тој пред три години преживеа мозочен удар. Александар Аки Рахимовски е роден на 5 јуни 1955 година во Ниш, но набрзо со семејството се преселил во Скопје. Како тинејџер членувал во неколку бендови, од кои некои се групата Вакуум,...

Continue reading

Почина охридскиот градоначалник Јован Стојаноски

Post Views: 0 Јован Стојаноски е роден на 7-ми август 1970 година во Охрид. Високото образование го стекнува на Економскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методи“ во Скопје. Од 1999 година е Магистер по Маркетинг, а во 2003 година Доктор по Меѓународен туризам и Маркетинг менаџмент. Стојаноски беше долгогодишен професор на факултетот за туризам и угостителство во Охрид и член на СДСМ. Исто така беше носител на советничката листа на последните локални избори во 2013-та година и координатор на советничата група на здружената опозиција во периодот 2013-2017, а во 2017 година беше...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top