Ознака: почина

Почина работник од Албанија кој извршувал работни обврски во Свиништа

Post Views: 1 На 5-ти јули 2021 година, во 21:20 часот, во СВР Охрид, од Општа болница Охрид пријавено е дека кај нив бил донесен повреден 40-годишниот Т.Ч. од Република Албанија кој, по укажаната лекарска помош им подлегнал на повредите. – Од преземените мерки на 6-ти јули 2021 година во присуство на Јавен обвинител, инспектори од Државниот инспекторат и полициски екипи, констатирано е дека Т.Ч. бил шумски работник, кој со повреди се здобил извршувајќи работни задачи за сеча на дрва во месноста „Грагорица“, во атарот на охридското село Свиништа, информираат од СВР Охрид.

Continue reading

V Spaseski

Почина доајенот на охридскиот фудбал Војислав Спасески

Post Views: 1   Денеска во 75тата година од животот почина доајенот на охридскиот фудбал Војислав Спасески. Спасески својата спортска кариера ја започна во Фудбалскиот клуб Охрид а во долгите години на спортските терени играл за повеќе клубови како Брегалница од Штип, Работнички Скопје, Пелистер – Битола, Победа од Прилеп, Младеновац од Република Србија. Во неговата биографија стои дека играл и за Студентската репрезентација на СР Македонија во 1961 та година. Војислав Спасески долги години беше тренер на Фудбалскиот клуб Охрид. А како неуморен спортски работник беше и основач...

Continue reading

Dosta Dimoska

Почина Доста Димовска

Post Views: 4 Доста Димовска, директорката на Македонскиот културно-информативен центар во Софија, почина денеска по кратко боледување. Таа беше во тешка здравствена состојба, во софиската болница Токуда, како последица на доживеан мозочен удар на 19 март, годинава. Родена е на 17 февруари 1954 година во Скопје, а своето образование го завршила на филозофскиот факултет во Скопје, каде работела и како стручен соработник. Димовска од почетокот на 2007 година е директор на Културно – информативниот центар на Македонија во Софија. Таа е позната поетеса и политичар. Нејзината политичка...

Continue reading

Нова трагедија во Македонија: Почина млад ракометар

Post Views: 1 Нова голема трагедија во ракометна Македонија, почина 20-годишниот ракометар на Бутел, Марко Божиновски. Само шест дена по смртта на голманот на ракометниот клуб Охрид, Никола Даниловски кој се удави во водите на Охридското езеро, денеска нова тажна вест ја потресе спортската јавност. Информациите велат дека причината за смртта на ракометарот било срцето кое откажало во сон. Тој настапи на вчерашниот дуел во победата против Еурофарм Пелистер 2 реализирајќи два голови. Пред да биде член на РК Бутел, ги бранеше боите на вториот тим на Металург. Воедно беше дел од кадетската...

Continue reading

Kamila Skolimovska

Сколимовска почина на тренинг

Post Views: 0 Полјакињата Камила Сколимовска, олимписка победничка во фрлање диск, ненадејно почина во текот на тренингот во португалското место Вила Реал де Санто Антонио. 26-годишната олимписка победничка од Сиднеј 2000 година, паднала во текот на тренингот во салата. Веднаш била  префрлена во болница, но лекарите не можеле да и го спасат животот. Лекарите од полскиот атлетски сојуз сметаат дека причина за смртта би можела да биде белодробна емболија затоа што во вторникот се жалела на силни болки во листовите. Сколимовска е родена е на 4 ноември 1982 година, и таа е најмладата...

Continue reading

Elizabet

Почина Лиз Тејлор – најубавата Клеопатра

Post Views: 1 Популарната актерка Елизабет Тејлор почина утринава на 79 години. Веста за смртта ја кажа нејзиниот син Мајкл Вилдинг: „Секогаш ќе бидеме инспирирани од нејзиниот траен и неизмерен придонес кон светот“. Два пати добитничка на наградата „Оскар”, долго време боледуваше, а беше лекувана од проблеми со срцето. Нејзини најпознати улоги беа во спектаклот „Клеопатра” на Џозеф Манкиевич и „Кој се плаши од Вирџинија Вулф” на Мајк Николс. Исто така беше позната и по нејзиниот „гламур” и филмското партнерство во Ричард Бартон, еден од нејзините седум мажи.Во...

Continue reading

negriza doktori

Најтешко е кога сиромаштијата и болеста одат рака под рака

Post Views: 2 Почина 44 годишната охриѓанка Билјана поради негрижа на доктор, обвинува нејзиниот сопруг Диме Туфески. Тој со солзи во очите раскажува дека неколку пати побарале помош во општа болница Охрид на одделението за неврологија но од таму секогаш ги враќале со изговор дека за Билјана нема место. Туфески ги повикува надлежните да му одговорат кој сега е виновен за смртта на неговата сопруга и дали некој треба да сноси одговорност за тоа. „Сум многу иритиран заради смртта на мојата сопруга. Иритиран сум поради тоа што докторката Васка што е на неврологија не сакаше да ја прими...

Continue reading

Dimce Janko

Почина познатиот македонски резбар Димче Јанко

Post Views: 12 На 94 годишна возраст  почина познатиот македонски  резбар Димче Јанко.  Јанко е роден во Охрид, на 21 октомври 1919 година.  Тој е еден од најплодните мајстори на полето на копаничарството во Македонија. Потекнува од повеќечлено семејство, од татко Јане и мајка Лојза. Во 1934 година ја напушта гимназијата и се запишува во Резбарското училиште во Охрид, оддел резбарство. Во 1947 година завршува мајсторски испит по резбарство во Пловдив, Бугарија. Од 1947 до 1962 година Димче Јанко работи во фондацијата на Св. Богородица (Перивлепта), потоа во ателјето за уметничка резба...

Continue reading

Brook Majlson

Почина поранешинот претседател на Гретна

Post Views: 9 Брук Мајлсон, некогашниот претседател на фудбалскиот клуб гретна, почина во 60-та година после долго боледување. Познат беше како човек под чие водство, Гретна за три години дојде до третата дивизија на шкотската Премиер лига. Исто така стигнаа до финалето на купот на Шкотска и во 2006-та имаа краток настап во УЕФА.После пет сезони на чело на Гретна Мајлсон поради боледување се повлече од Гретна, а клубот поради недостаток на финансии престана да постои. Фудбалерот Џејмс Грејди кој премина од данди јунајтед во Гретна со тага се сеќава со тага на својот поранешен претседател. „Беше...

Continue reading

filigran

Почина еден од најпознатите кујунџии

Post Views: 4 Згасна животот на Вангел Деребан еден од најпознатите македонски кујунџии. Роден во далечната 1920 година во Струга, тој ја продолжува неколкувековната фамилијарна кујунџиска традиција и го развива охридското филигранство. За Вангел Деребан се презентирани информации и репортажи од многу домашни и странски новинари и публицисти. Тој е многу често застапуван во проспектите и други публикации за промоција на Охрид и Македонија. Добитник е и на престижната Св. Климентова награда во Охрид. {loadposition content9}  

Continue reading

Matija

Почина познатата треварка Матија Пауновски

Post Views: 22   Во 79-та година во животот во Мостар, Босна и Херцеговина, синоќа почина познатата треварка Матија Пауновски, соопшти нејзиното семејство. Матија Пауновски е родена во семејство кое повеќе од 150 години се занимава со собирање лековите билки. По потекло од БиХ, оваа треварка беше позната во сите краеви на поранешна Југославија. Дел од својот живот таа помина во Охрид и Македонија, каде беше позната по чаевите за слабеење, но и по лековитите напитоци за превенција и борба против многу болести. Матија беше член на светската асоцијација за превентива и алтернативна медицина....

Continue reading

zatvor

Синоќа почина притвореник

Post Views: 0 Почина притвореник во Охридскиот затвор. Синоќа кога дошла затворската смена да ги буди притворениците за вечера, некаде околу 20 часот и 30 минути, не успеала да го разбуди 25 годишниот притвореник од Подгорци, струшко. Според првичните, неофицијални информации од истражниот судија Весна Кичеец, која извршила увид на лице место, претходно притвореникот бил прегледан од страна на доктор невропсихијатар и примил некаква терапија. Најверојатно после тоа, притвореникот не се разбудил. Смртта била констатирана во 21 часот од страна на дежурна медицинска екипа. Мерката притвор...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top