Синоќа почина притвореник

Според неофицијални информации 25 годишен притвореник од струшкото село Подгорци, некаде околу 20 часот и 30 минути бил пронајден мртов во неговата притворска ќелија, во охридскиот затвор, кога дежурната екипа се обидела да го разбуди за вечера.

 |  Билјана Николоска  | 
zatvor
затвор

zatvorПочина притвореник во Охридскиот затвор. Синоќа кога дошла затворската смена да ги буди притворениците за вечера, некаде околу 20 часот и 30 минути, не успеала да го разбуди 25 годишниот притвореник од Подгорци, струшко. Според првичните, неофицијални информации од истражниот судија Весна Кичеец, која извршила увид на лице место, претходно притвореникот бил прегледан од страна на доктор невропсихијатар и примил некаква терапија. Најверојатно после тоа, притвореникот не се разбудил. Смртта била констатирана во 21 часот од страна на дежурна медицинска екипа. Мерката притвор му била изречена од Истражен судија при Основниот суд на општина Струга. Според непотврдени информации притвореникот бил познат наркозависник. Телото на починатиот притвореник е пратено на обдукција во Скопје, како би се утврдила причината за смртта и како би се одбегнале сите елементи за тоа дали имало евентуално насилство. Според наши извори најверојатно не се работи за насилна смрт, бидејќи на телото на притвореникот не биле забележани траги на насилство.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top