Почина Доста Димовска

Доста Димовска, директорката на Македонскиот културно-информативен центар во Софија, почина денеска по кратко боледување.

 |   | 
Dosta Dimoska
Доста Димоска

Dosta DimoskaДоста Димовска, директорката на Македонскиот културно-информативен центар во Софија, почина денеска по кратко боледување. Таа беше во тешка здравствена состојба, во софиската болница Токуда, како последица на доживеан мозочен удар на 19 март, годинава.

Родена е на 17 февруари 1954 година во Скопје, а своето образование го завршила на филозофскиот факултет во Скопје, каде работела и како стручен соработник. Димовска од почетокот на 2007 година е директор на Културно – информативниот центар на Македонија во Софија.

Таа е позната поетеса и политичар. Нејзината политичка кариера почна во 90-тите години на минатиот век. Димовска беше на високи државни и партиски функции. Во 1991 е избрана за заменик-претседател на ВМРО-ДПМНЕ на Конгресот на партијата во Прилеп. До 1994 е пратеник, а во тој период раководи со парламентарната Комисија за меѓународни односи.

Во 1998 година Димовска е избрана за вицепремиер во кабинетот на Љупчо Георгиевски. Од декември 1999 година до мај 2001 година е министерка за внатрешни работи. Во 2002-та година поднесува оставка од партиските функции од партиски причини. На 25 февруари 2002 година е назначена за директорка на Агенцијата за разузнавање, а функцијата ја напушта на 5 мај 2003 година.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top