Почина доајенот на охридскиот фудбал Војислав Спасески

Денеска во 75тата година од животот почина доајенот на охридскиот фудбал Војислав Спасески.

 |   | 
V Spaseski
V Spaseski

 

V SpaseskiДенеска во 75тата година од животот почина доајенот на охридскиот фудбал Војислав Спасески.

Спасески својата спортска кариера ја започна во Фудбалскиот клуб Охрид а во долгите години на спортските терени играл за повеќе клубови како Брегалница од Штип, Работнички Скопје, Пелистер – Битола, Победа од Прилеп, Младеновац од Република Србија. Во неговата биографија стои дека играл и за Студентската репрезентација на СР Македонија во 1961 та година.

Војислав Спасески долги години беше тренер на Фудбалскиот клуб Охрид. А како неуморен спортски работник беше и основач на подмладокот на охридскиот фудбалски клуб.

Посмртните останки на Војислав Спасески ќе бидaт изложени утре од 12 до 13 часот во капелата на Градските гробишта во Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top