ТАЖНА ВЕСТ: Почина пејачот Маринко Роквиќ

Пејачот Маринко Роквиќ почина денеска во Белград на 68-годишна возраст, пренесоа српските медиуми.

 |   | 

Пејачот Маринко Роквиќ почина денеска во Белград на 68-годишна возраст, пренесоа српските медиуми.

Неодамна во јавноста излегоа информации дека Маринко е хоспитализиран и дека здравјето му е во влошена состојба, пренесува „Mondo“.

Кариерата на овој пејач започна во 1974 година, а низ годините сними 21 студиски албум и неколку сингл-плочи. Јавноста го знае по огромниот број хитови „Skitnica“, „Svađalice moja mala“, „Potražiću“, „Zanela me svetla velikog grada“, „Polomio vetar grane,“, „Jedina mojа“ и многу други.

Роден е во јануари, 1954 година во Босански Петровец. Од мал покажувал интерес за музика и свирел на хармоника. Покрај музиката, обожавал фудбал. По завршувањето на основното училиште во Белград, сакал да се запише на музичка академија, но сите места биле пополнети, па се одлучил да студира електротехички факултет. Бил дел од КУД „Никола Тесла“ во кој настапувал како пејач.

Со децении беше во брак со Славица Роквиќ, со која има два сина. За неа имаше изјавено дека е неговата најголема поддршка.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top