Стивна магичниот глас, почина Леонард Коен

Пејачот и поет Леонард Коен почина во четвртокот на 82-годишна возраст. Ќе го паметиме по безбројните хитови и прекрасната лирика. Нема детали за причината за неговата смрт.

 |   | 

Пејачот и поет Леонард Коен почина во четвртокот на 82-годишна возраст. Ќе го паметиме по безбројните хитови и прекрасната лирика. Нема детали за причината за неговата смрт.

Коен беше еден од највлијателните музичари и текстописци кој се појави во 1960-те години, заедно со други легенди како Нобеловиот лауреат Боб Дилан и сонародникот Џони Мичел. Неговиот впечатлив баритон и поетската лирика раскажуваа приказни за љубов, омраза, смрт, војна и мир, со што ја заработи титулата „висок свештеник на патосот“ и „кум на мракот“.

Неговото дело опфаќа пет децении во кои објави 14 студиски албуми, од кои последниот минатиот месец.
Коен беше роден во канадската провинција Квебек, каде како тинејџер формираше фолк група и ги издаде првите песни. По матурата се пресели на грчкиот остров Хидра од каде ја објави првата колекција поезија и две новели.

Се пресели во Њујорк во 1966 и ја започна музичката кариера по средбата со фолк-пејачката Џуди Колинс. Набрзо стана познат како пишувач на песни кои имаа големо влијание врз други познати музичари од од период, вклучително и Вили Нелсон и Џејмс Тејлор.
Во следните две децении продуцираше безброј песни и албуми.
Но, во 1995 Коен ја прекина музичката кариера и стана будистички монах. Се нарекуваше себеси Џикан, што значи тишина, и не објавуваше песни цели шест години.

Во 2005 беше откриено дека неговиот долгогодишен менаџер крадел пари од неговиот пензиски фонд во износ од околу 5 милиони долари. За да си ги врати средствата Коен започна епска светска турнеја меѓу 2008 и 2013, со вкупно 387 настапи.
Нема детали за причината за смртта. Во 2008 година, Коен беше примен во Рокенрол холот на славните.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top