Ознака: полиција

vezba spasuvanje davenik

Голема показна вежба за спасување на давеници на старото пристаниште во Охрид

Post Views: 3 Во рамки на обуките за безбедност на вода и прва помош, што заеднички ги реализираат Црвен крст Охрид и Операцијата Флоријан од Англија,  денеска на потегот на старото пристаниште во Охрид, се одржа голема показна вежба на спасување давеници и укажување прва помош.Оваа вежба претставува резиме на она што го поседуваме од капацитети и техника, како и координацијата со надлежните институции кои интервенираат во случај на несакани последици во Охридското Езеро. На показната вежба која се изведе на пристаништето спроти хотелот Палас учествуваа припадници на пограничната...

Continue reading

Волонтер вратил пари на сопственикот

Post Views: 1 Волонтерот Драган Вујановиќ, кој заедно со колегите учествувал во акцијата за средување на Караѓорѓевата населба, пронашол паричник во кој се наоѓале 1800 евра, и во присуство на полицијата го вратил паричникот на сопственичката која била една од загрозените од поплавите.На денешната акција Вујановиќ дошол со колегите од работа и случајно го забележал паричникот. Во прв момент помислил дека некој изгубил документи, но кога го подигнал паричникот забележал дека внатре има пари.Тој веднаш соопштил на сите што се наоѓале во близина, а меѓу нив биле и жители од населбата...

Continue reading

policijata delese cveka

СВР наместо казни, делеше цвеќе

Post Views: 8 СВР претпладнево  запираше, но не казнуваше. Во духот на 8 ми март денот на жената, сообраќајната полиција на несекојдневен начин на припадничките на понежниот пол им припреди пријатно изненадување. „Оваа акција навистина е за поздравување. Не само да се плашиме на улиците. Ова за мене беше прв пат да добијам цвеќе, бидејќи не само што работам со жените, би сакала да кажам дека навистина нејзината љубов, прегратка, топлина, добрина, истрајност и битка во секој сегмент е голем“, истакна една жена учесник во сообраќајот. На два пункта поставени на бул. Туристичка полициските...

Continue reading

апсење пента

Во рибарски мрежи заплеткан висок полициски службеник

Post Views: 4 Рано Утрово МВР го уапси комадирот во Полициска станица за граничен надзор на Охридското езеро, 40 годишниот Д. Клечкароски поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување.  Како што информираше директорот на бирото за јавна безбедност, д-р. Љупчо Тодоровски акцијата „Пента“ ,МВР ја реализираше по спроведена повеќемесечна истрага од страна на Центарот за сузбивање на организиран и сериозен криминал. Покрај Клечкароски Одделението за финансиски криминал до Основно јавно обвинителство кривични пријави поднесе...

Continue reading

akcija MVR

МВР спроведе вежба за прекуграничен криминал

Post Views: 13 МВР откри и спечи меѓународен канал за прекуграничен криминал. Во рамки на вежбата крималците беа фатени од страна на специјалните единици при примопредавањето на робата, поточно размена за пари.  Оваа вежба која е дел од проектот ИЛЕКУС 2, денеска ја изведе специјалната единица на МВР пред  раководител на проектот ИЛЕКУС 2 од сојузната криминалистичка полиција на Австрија, пред полициски службеници, обвинители од  Македонија, Косово и Албанија, новинари.Целта на вежбата беше пронаоѓање на сторителите на криминалните активности и нивно лишување од слобода во рамки на...

Continue reading

parking

Во Охрид два часа паркинг можат да ве чинат 1200ден

Post Views: 5 Охриѓанец доживеал непријатно искуство паркирајќи го своето возило пред План Б. Завчера околу 22 часот излегувајќи в град го  оставил својот автомобил на паркингот пред ова кафуле и бил сигурен дека овој простор е слободен бидејќи ништо не асоцирало дека на овој паркинг се наплаќа. Кога се вртил околу полноќ го дочекало непријатно изненадување. На задното лево тркало имало поставено блокада. Тој се распрашал што се случило па некои граѓани го упатиле да оди и да се информира во куќарката кај Мекдоналдс. Таму му рекле да оди и да плати на каса, каде пак му побарале 1200...

Continue reading

secaci

Машините за сечење дрва ќе заминат во историјата

Post Views: 17 Висока глоба од 500 евра заработија некои од охридските сечачи на дрва. Тие се крајно револтирани од односот на институциите кои брцнаа во нивниот и онака плиток џеб. Од 50 луѓе кои со машина за сечење дрва заработуваат за живот, малкумина се охрабрија јавно да проговорат за нивната незавидна состојба. Ибраим Али вели дека не се престапници и не бегаат од обврските кон државата. Додава дека во денешно време 500 евра се голема сума на пари и тие не можат да ја платат, бидејки и не заработуваат толку. „Тие 500 евра ние сиромасите кај да ги најдеме, како прво не сме вработени,...

Continue reading

zapleneto kafe

Спречен шверц со кафе во водите на Oхридското езеро

Post Views: 3 Петнаесет вреќи со над 900 килограми кафе, синоќа, триесетина минути по полноќ, пронајде и одзеде, езерската полиција, од Охрид, при вршење на патролна дејност, помеѓу Aвто Kампот „Eлешец“ и Пештани. На метален чамец биле натоварени 7 вреќи со кафе, секоја од по 60 килограми, а уште осум вреќи со кафе биле пронајдени во непосредна близина на чамецот, имало и моторна пента и пластичен резервоар со гориво. Пронајдените предмети се однесени во полициска станица за понатамошна постапка, а против непознат сторител, за кривично дело „Криумчарење“, поднесена е и кривична пријава....

Continue reading

mrezi

Ниту многуте запленети мрежи не ги спречуваат рибокрадците

Post Views: 1 Езерската полиција исклучително активна во изминатава година. Со бројка од 1440 запленети рибарски мрежи, 355 килограми на разни видови на риба, 82 жили и 388 блинкери причини и за задоволство, но и сериозна загриженост. Осумте покренати кривични пријави се чини не се доволно. Секоја наредна година повторно и повторно се случуваат кражби на рибниот фонд и оштетување на ендемските видови. Ако се пресмета километражата на запленетите мрежи неколкукратно би се обиколило Охридското езеро, а успешните заплени се чини не го даваат посакуваниот ефект. „Во континуитет се соочуваме...

Continue reading

Dimitrieski

Со здружени сили против незаконитиот риболов

Post Views: 0 Посебен полициски тим на СВР Охрид, од 13 ноември па навака, во координација со езерската полиција, спроведе засилени мерки за пронаоѓање на лица кои во водите на Охридското езеро вршат незаконит риболов. Од СВР откриваат дека мерките биле спроведувани во различни временски периоди на целто крајбрежје. Во акциите за незаконит риболов против повеќе лица биле поднесени соодветни пријави. Здружението на рекреативни риболовци ја подржуваат секоја акција која се спроведува за заштита на риболовниот фонд, но и секоја акција која ќе се спроведе до крај. „Сметаме дека треба...

Continue reading

topoli

Тополи „паѓаат“ ноќе

Post Views: 5 Во атарот на селото Љубаништа досега не биле забележани вакви слични појави. Како некогаш биле засадени  тополите раскажува и Живко Наумоски оснивач на некогашниот фудбалски клуб Граничар од Љубаништа. „Тополите се засадени ударнички од тогашната управа на клубот и фудбалерите. Засадиле 4 реда дрвја, меѓу кои и  сега исечените тополи. Дрвјата што ги гаеле се на самата плажа која во лето  е полна со капачи. Сега тие треба да носат лежалки и  чадори за на сонце, вели Наумоски. Од Локалната самоуправа за ТВМ изјавија дека нивната Комисија за сечење на дрвја не  издала ...

Continue reading

zapleneti mrezi

Уништени запленетите рибарски мрежи

Post Views: 7 Вкупно 1440 рибарски мрежи  запленети од Езерската полиција во водите на Охридското Езеро, денеска беа уништени на депонијата во Мауцкер. Пред уништувањето Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска лично ги виде запленетите мрежи во седиштето на езерската полиција. „Денеска ќе бидат уништени вкупно  1440 рибраски мрежи со вкупна должина од 70 километри. за илустрација тоа е двојно повеќе одколку што е должината на државната граница со Република Албанија“, истакна министрката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. „Можам да констатира дека во периодот кога...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top