Волонтер вратил пари на сопственикот

Паричникот вратен на жена настрадана од поплавите

 |  инфодеск  | 

Волонтерот Драган Вујановиќ, кој заедно со колегите учествувал во акцијата за средување на Караѓорѓевата населба, пронашол паричник во кој се наоѓале 1800 евра, и во присуство на полицијата го вратил паричникот на сопственичката која била една од загрозените од поплавите.
На денешната акција Вујановиќ дошол со колегите од работа и случајно го забележал паричникот. Во прв момент помислил дека некој изгубил документи, но кога го подигнал паричникот забележал дека внатре има пари.
Тој веднаш соопштил на сите што се наоѓале во близина, а меѓу нив биле и жители од населбата кои го упатиле кон куќата на сопственичката на паричникот, која пак потврдила дека е нејзин. Истовремено случајот бил пријавен и во полиција која дошла на лице место кога Вујановиќ и го враќал паричникот на сопственичката.
Дрган Вујановиќ смета дека неговата постапка е сосема природна и разбирлива. Нагласил дека не му е лагодно што се придава публицитет за сето ова и дека оваа случка треба да послужи како поента за сите луѓе, а посебно за младите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top