Ознака: подрачје

Околу 150 припадници на МВР и Армијата се ангажирани за обезбедување на кризното подрачје во Дебар и Центар Жупа

Post Views: 19 Наќе Чулев, техничкиот министер за внатрешани работи инфромира за 14 нелегални обиди на граѓани да го напуштат кризното подрачје во Дебар и Центар Жупа . Тие се обиделе да ги напуштат Дебар и Центар Жупа без лекарска согласност и биле спречени од полицајците кои го обезбедувале реонот. „Од страна на одделот за Специјални полициски операции, има 14 обиди за напуштање на кризното подрачје без лекарска согласност тоа е на подрачјето на општина Дебар и Центар Жупа. Извршено е обезбедување и придружба на 22 дотури на намирници на територија на кризното подрачје. Овозможено...

Continue reading

Белчишко Блато ќе биде европско заштитено подрачје

Post Views: 4 Нодамна во Општина Дебрца се одржа обука за зачувување и одржлив развој на Белчишко Блато (Сини Вирој). Обуката е во рамките на проектот Подобрување на управувањето и одржливо користење на Белчишко Блато (Сини Вирој), кој го спроведува здружението „Екотуризам 2016“ и канцеларијата на UNDP, Скопје, а финансиран од ЕУ со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање. На обуката присуствуваа претставници од општина Дебрца и засегнати чинители од областа на блатото. Проектниот раководител Ѓоко Зороски и градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески...

Continue reading

Во наредниве шест години, стопански и рекреативен риболов на риболовното подрачје Охридско Езеро ќе врши фирмата „Летница – Белвица Милорад“ од Струга

Post Views: 4 Од Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, за ТВМ информираа дека оваа фирма на елекстронската аукција понудила највисок надомест за концесија за стопански риболов и највисок концесиски надомест од 100% од вредноста на издадените дозволи за рекреативен риболов. На последната седница на Влада поминаа одлуките за новиот концесионер на Охридското Езеро за стопански и рекреативен риболов. Станува збор за фирмата „Летница – Белвица Милорад“ од Струга. Оваа фирма за стопански риболов на електронската аукција понудила највисок надомест за концесија во вкупен...

Continue reading

Охридската полиција спроведе зајакнати акциски контроли во сообраќајот на целото подрачје на СВР Охрид

Post Views: 1 Со цел подигнување на степенот на безбедност во сообраќајот и доследно почитување на одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, изминатиов викенд охридската полиција спроведе поинтензивни акциски контроли. Поради управување со моторни возила под дејство на алкохол, прекорачување на брзината на движење, беа исклучувани лица од сообраќајот, а беа и одземани возачки дозволи. „Една од главните забелешки е дека имаме мал пад на бројот на возачи кои управуваат со моторни возила под дејство на алкохол. Во оваа последна акциска контрола спроведена викендот,...

Continue reading

Германски експерт смета дека депонија во сливното подрачје на езерото е грешка

Post Views: 0 Зоран Ногачески, градоначалникот на Дебрца има нов аргумент со кој ќе го разубедува министерството за животна средина да не се гради регионална депонија во Годивје туку да бара друга локација во Југозападниот плански регион. Ногачески деновиве остварил средба со Манфред Шуберт, светски ескперт за енергетика кој има проектирано голем број фабрики за рециклирање и третман на отпад во Германија и светот. Градоначалникот го запознал експертот со решението дадено во Студијата за оценка на влијанието на животното средина за изградба на региоаналната депонија во Годивје. „...

Continue reading

Забрана за изведување на градежни работи во централно градско подрачје

Post Views: 5 Почнувајќи од 01.07.2018 година до 31.08.2018 година, се забранува изведување на секаков вид градежни активности во централното градско подрачје. Секое непочитување ќе биде санкционирано од страна на надлежните служби.

Continue reading

Стабилна и поволна е безбедносната состојба на целото подрачје на СВР Охрид

Post Views: 1 Во општина Охрид и на териториите на Струга, Вевчани и Дебрца кој ги покрива СВР Охрид полциските службенници работеле ефективно. Портпаролот Стефан Димовски на Денот на полицијата ги сподели полициските аналитички податоци според кој во периодот меѓу двата празника во СВР Охрид има зголемена откривачка функција на полициските служебници од 40 проценти во споредба со претходниот период кој изнесувал 36 посто. При нарушувања на јавниот ред и мир полициските службеници постапиле во 51 случај, а за споредба во истиот период минатата година имало 58 нарушувања. Исто така...

Continue reading

Петиција против висококатници во заштитеното подрачје

Post Views: 0 Еколозите од четиринаесет Невладини организации во земјава под капа на Движењето на екологисти во земјава денес поднесе петиција да не се градат висококатници во селото Велестово и околните села во НП Галичица. Иницијативата доаѓа од жителите на селото Велестово, каде како што велат последниве години забележителен е бројот на дивоградби и висококатници. Да престане урбанизацијата во заштитеното подрачје на градот и да се почитуваат препораките на Унеско. Бараме да се почитуваат препораките на Унеско, значи да нема високи градби односно 50% од вкупната површина од земјиштето...

Continue reading

Поставена локална сеизмолошка станица во охридското епицентрално подрачје

Post Views: 6 Поставена локална сеизмолошка станица во охридското епицентрално подрачје. Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ инсталираше опрема непосредно во подрачјето на епицентарот, дирекно од каде што потекнуваат земјотресите. Од опсерваторијата велат дека сеизмичката активност ќе продолжи, но смируваат дека земјотрес со магнитуда од 5 степени каков што беше регистриран вчера, не се очекува.Податоците од таа сеизмолошка станица во реално време се пренесуваат во Сеизмолошката опсерваторија во Скопје. Овие податоци не само што во моментот ќе дадат поточна локација за земјотресите,...

Continue reading

За еден месец 800 земјотреси го погодија Охридското сеизмичко подрачје

Post Views: 0 За еден месец, регистрирани осумстотини земјотреси во Охрид. Телеметриската сеизмолошка мрежа на РМ и телеметриската сеизмолошка мрежа при ПМФ од Скопје ја следи сеизмичката активност која потекнува од Охридското епицентрално подрачје. Охриѓани и гостите вознемирени, но велат дека остануваат присебни. Серијата земјотреси започна на 18-ти јуни па така до денес, 29-ти јули регистирирани се повеќе од 800 земјотреси кои воглавно се окарактеризирани како слаби, со Рихтерова магнитуда меѓу 1 и 2 степени. Со Рихтерова магнитуди помеѓу 2-3 степени беа регистрирани 31 земјотрес,...

Continue reading

Дел од централното градско подрачје утре без вода

Post Views: 3 Од МЈП Проаква Водовод Охрид информираат дека утре, вторник 23-ти мај, ќе има прекин во водоснабдувањето на улица „Кеј Македонија“ и „Јане Сандански“ од пресекот со улица „Партизанска“ кон „Кеј Македонија“. Прекинот ќе биде од 8 до 14 часот.

Continue reading

scala

Почуствувани два земјотреси во Македонија

Post Views: 1 Апаратите на Сеизмоошката опсерваторија про Природно-математичкиот факултет во Скопје, регистрирале два земјотреси чии епицентри потекнувале од пехчевското епицентрачно подрачје. Како што информираат од Сеизмолошката опсерваторија, земјотресите се почувствувал во 6:23 часот и 6:45 часот во Пехчево, Берово и околината. Земјотресите биле со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала – 1998. {loadposition content9}

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top