Стабилна и поволна е безбедносната состојба на целото подрачје на СВР Охрид

Стабилна и поволна е безбедносната состојба на целото подрачје на Секторот за внатрешни работи Охрид. Полициската аналитика покажува дека во периодот меѓу двата празника  има намалување на човечки жртви при сообраќајни несреќи, зголемена е отривачката функција на полициските службеници, а има  и пад во нарушување на јавниот ред и мир. Денот на полицијата беше одбележан и во СВР Охрид. 

 |  Валентина Неловска  | 

Во општина Охрид и на териториите на Струга, Вевчани и Дебрца кој ги покрива СВР Охрид полциските службенници работеле ефективно. Портпаролот Стефан Димовски на Денот на полицијата ги сподели полициските аналитички податоци според кој во периодот меѓу двата празника во СВР Охрид има зголемена откривачка функција на полициските служебници од 40 проценти во споредба со претходниот период кој изнесувал 36 посто. При нарушувања на јавниот ред и мир полициските службеници постапиле во 51 случај, а за споредба во истиот период минатата година имало 58 нарушувања. Исто така има намалување и на човечки жртви на патиштата при сообраќајни несреќи. Меѓу двата празника регистрирани се 2 жртви, за разлика од 9 -те жртви кои настрадале во сообраќајни несреќи во претходниот период.

„ На целото подрачје на СВР Охрид има стабилна и поволна безбедносна состојба. Полициските службеници континуирано работат на подигнување на степенот на безбедносна состојба во Охрид и на цело подрачје. Тоа се прави со ефикасна полициска работа согласно позитивните законски акти кои се алатка на полициските службеници, информира Димоски.

На Денот на полицијата Градоначалникот Јован Стојаноски ги посети полициските службеници од СВР Охрид. Стојаноски им порача да имаат што повеќе превентивна работа за граѓаните да имаат мир и безбедност. При тоа изрази благодарност од досегашната соработка со СВР Охрид.

„ Таа соработка ќе се продолжи и понатака во интерес на граѓаните на општина Охрид да имаат поуреден, побезбеден живот и општината во целина да оди напред. Посакувам успешна работа мир и безбеден град“, кажа во обраќањето пред полициските службеници охридскиот градоначалник Стојаноски.

На денот на полицијата тројца полициски службеници добија благодарници за посебен придонес, успешна соработка и поддршка во работата на СВР Охрид. Тоа се Јован Милошоски, од службата за криминалистичка техника, Јован Ѓонески од полициската станица за општа надлежност и Николче Милошески од полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top