Поставена локална сеизмолошка станица во охридското епицентрално подрачје

Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ инсталираше опрема непосредно во подрачјето на епицентарот, дирекно од каде што потекнуваат земјотресите. Од опсерваторијата велат дека сеизмичката активност ќе продолжи, но смируваат дека земјотрес со магнитуда од 5 степени каков што беше регистриран вчера, не се очекува.

 |   | 

Поставена локална сеизмолошка станица во охридското епицентрално подрачје. Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ инсталираше опрема непосредно во подрачјето на епицентарот, дирекно од каде што потекнуваат земјотресите. Од опсерваторијата велат дека сеизмичката активност ќе продолжи, но смируваат дека земјотрес со магнитуда од 5 степени каков што беше регистриран вчера, не се очекува.
Податоците од таа сеизмолошка станица во реално време се пренесуваат во Сеизмолошката опсерваторија во Скопје. Овие податоци не само што во моментот ќе дадат поточна локација за земјотресите, многу ќе придонесат во понатамошното испитување и анализа на Охридското епицентрално подрачје и подрачјето на Пештанско Петринските раседи. Драга Черних од Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ објасни дека од поставувањето на опремата досега се регистрирани на голем број послаби семјотреси, но дека градбите проектирани после 63 та година се доволно цврсти да издржат земјотреси и со магнитуда поголема од 6 степени.

„Има многу земјотреси, но повторно да повторам слаби земјотреси, доста земјотреси со магнитуда 2 малку земјотреси со магнитуда над 3 кои се почуствувани со интензитет од 5 степени според Европската макросеизмичка скала и повторно ќе кажам да нема паника меѓу граѓаните, ваков земјотрес со магнитуда од 5 степени што се случи вчера , нормално е да има афтершокова активност, значи земјотреси кои го следат главниот земјотрес, со помала и интензитет, да нема паника, земјотреси ќе има мирно да поминат земјотресите, бидејќи објектите кои се градени после 63-та година се асеизмички изградени“ вели Драгана Черних – Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ.

Черних објасни дека на ниту еден објект не се констатирани конструктивни штети туку само пукање на преградни ѕидови. Секое епицентрално подрачје има свои карактеристик, а овие Пештанско Петрински раседи се карактеризираат со долга серија на повоеќе слаби земјотреси. Во врска со поставувањето на фографии на социјалните мрежи за отворање на нови дувала кај сулфатарата во Косел од ПМФ смируваат, таканаречениот вулкан во Косел не може да еруптира.

„Она што ние како сеизмолози сметаме дека би можело да се случи е само зголемена концентрација на гас, ништо повеќе од тоа. Значи еруптирање на вулканот во косел не би настанало. Она што се случува е очекувана активност од сеизмичко подрачје со висока сеизмичност, раседите се активирани и треба време да се намали таа сеизмичност и да се стабилизира целата област“ потенцира Катерина Дрогрешка – Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ.

Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ, располага со податоци за сеизмичка нактивност на овие простори од пред две илјади години, но инструментални податоци од 1957 та година со првата сеизмолошка опсерваторија во МК, но има податоци од останати сеизмолошки опсерватории од Софија и Белград. Но за да се регистрираат вакви послаби потреси потребна е локална сеизмолошка станица како онаа инсталира синоќа во Скребатно, обасунуваат од ПМФ.Од 18.јуни до денес во охридскиот регион биле регистрирани околу 1.000 земјотреси, од кој најсилниот, 5 степени според Рихтеровата скала, се случи вчера во 13часот и 18 минути. После овој силен потрес, претставници на локалната самоуправа, на Институтот за земјотресно инжинерство од Скопје (ИЗИС) и на Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје, одржаа кооединативен состанок во зградата на општината со цел да ги договорат мерките кои институциите ќе ги преземат во насока на смирување на граѓаните.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top