• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Во наредниве шест години, стопански и рекреативен риболов на риболовното подрачје Охридско Езеро ќе врши фирмата „Летница – Белвица Милорад“ од Струга

Во наредниве шест години, стопански и рекреативен риболов на риболовното подрачје Охридско Езеро ќе врши фирмата „Летница – Белвица Милорад“ од Струга

Од Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, за ТВМ информираа дека оваа фирма на елекстронската аукција  понудила највисок надомест за концесија за стопански риболов и највисок концесиски надомест од 100% од вредноста на издадените дозволи за рекреативен риболов.

 |   | 

Од Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, за ТВМ информираа дека оваа фирма на елекстронската аукција понудила највисок надомест за концесија за стопански риболов и највисок концесиски надомест од 100% од вредноста на издадените дозволи за рекреативен риболов.

На последната седница на Влада поминаа одлуките за новиот концесионер на Охридското Езеро за стопански и рекреативен риболов. Станува збор за фирмата „Летница – Белвица Милорад“ од Струга. Оваа фирма за стопански риболов на електронската аукција понудила највисок надомест за концесија во вкупен износ од 9.922.500,00 денари за период од шест години, за кој е донесена и одлуката за избор на најповолна понуда за доделување на концесија.За рекреативен риболов на рекреативната зона Охридско Езеро пак, понудиле највисок концесиски надомест од 100% од вредноста на издадените дозволи за рекреативен риболов за период од шест години. Сега законски следува период на жалби по што Охридското езро конечно после една година ќе добие концесионер.

Владата пред повеќе од една година ја одзеде дозволата на предходниот концесионер поради неисполнување одредени законски обврски а ресорниот министер Љупчо Николовски уверуваше дека рибниот фонд, додека езерото е без концесионер, од рибокрадци успешно го штити државниот инспекторат за земјоделство. Екологистите и Здуженијата на риболовци , пак, сметаат дека одлагањето на изборот на концесионер во голема мерка го зголемило рибокрадството и го намали рибниот фонд посебно на ендемичната Охридска пастрмка.

„Некаде во месец март, крај на февруари почеток на март, рибокрадци почнаа да нудат низ градот по куќи да одат. Во два наврати дојдоа кај мене на врата еднаш на телефон ми звонеа да ми понудат пастрмка за 700 денари. Што значи тоа? Ако знаеме дека пастрмката и на црно е над 1000 денари, тогаш фрижидерите кај рибокрадците во Трпејца и Пештани се полни, нема што да прават со рибата и трчаат по градов бараат каде да ја продадат“ изјави Димче Мајкоски – здружение на рекреативни риболовци, С.К. „Св. Апостол Петар“

Фирмата „Летница – Белвица Милорад“ од Струга го доби езерото на користење според изменета риболовна основа. Измените беа направени на почетокот на 2018-та имаат за цел поголема заштита на рибниот фонд. Има измени во утврдување на периодот на мрест, времето во кое е дозволен риболовот, намалени се количините на дозволен улов на видот охридска белвица и детално се уредени специфичните локации на мрест на рибите, особено за Охридската пастрмка, белвицата и крапот.
Исто така, направени се измени кои ги задоволуваат потребите на рекреативните риболовци, а со тоа и развојот на риболовниот туризам.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top