За еден месец 800 земјотреси го погодија Охридското сеизмичко подрачје

Станува збор за нормалната сеизмичка активност, велат сеизмолозите.

 |   | 

За еден месец, регистрирани осумстотини земјотреси во Охрид. Телеметриската сеизмолошка мрежа на РМ и телеметриската сеизмолошка мрежа при ПМФ од Скопје ја следи сеизмичката активност која потекнува од Охридското епицентрално подрачје. Охриѓани и гостите вознемирени, но велат дека остануваат присебни.

Серијата земјотреси започна на 18-ти јуни па така до денес, 29-ти јули регистирирани се повеќе од 800 земјотреси кои воглавно се окарактеризирани како слаби, со Рихтерова магнитуда меѓу 1 и 2 степени. Со Рихтерова магнитуди помеѓу 2-3 степени беа регистрирани 31 земјотрес, а со магнитуда поголема од 3 степени по Рихтер, беа регистрирани само 4 земјотресии, вели Д-р. Драгана Черних, раководител на Сеизмолошката Опсерваторија при ПМФ Скопје.

„Најсилниот се случи на 20-ти јуни во 15:10 минути, со Рихтерова магнитуда од 3,6 степени, и беше почуствуван во епицентралното подрачје, со интензитет од 5 степени според Европската макросеизмичка скала. Од утринава има почуствувнаи 4-5 земјотреси, меѓутоа се со магнитуда околу два според Рихтер и се почуствувани со интензитет со 3 според Европакста макросеизмичка скала“ објаснува Д-р.Драгана Черних – раководител на Сеизмолошката Опсерваторија при ПМФ Скопје.

Поради се почестите земјотреси кои се случуваат во регионот на Охрид што допринесува за вознемиреност кај населението во ова подрачје, Црвен крст Охрид објавува брошура за правила и препораки за однесување за време на земјотрес, после земјотресот, но и мерки за претпазливост и подготовка за земјотрес. Од Сеизмолошката Опсерваторија при ПМФ Скопје смируваат.

„Ова е како што повеќе пати кажав во рамките на нормалната сеизмичка активност која ја дава Охридското сеизмичко подрачје, нормална активнсот на раседите кои се протегаат низ ова епицентрално подрачје“, потенцира Д-р.Драгана Черних – раководител на Сеизмолошката Опсерваторија при ПМФ Скопје.

Како и да се одвива сеизмичката активност на охридското тло во деновите кои доаѓаат, за секој случај почитувајте ги препораките на Црвен Крст и пред се останете мирни, најдете сигурно место во домот , под носечка греда, под столб или каса на врата, не трчајте и не употребувајте скали и лифтови и внимавајте на скршеното стакло, оџаците и мебелот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top