Ознака: повод

tocak

Започнаа чествувањата по повод патронатот Св. Климент Охридски

Post Views: 1 Од денес започнаа чествувањата по повод патронатот на градот  Св. Клиемнт Охридски. Средното општинско училиште кое го носи името на патронот на градот организира бројни активности. Вечерва учениците од гимназијата во Центарот за култура со почеток во 20 часот ќе одржат  хуманитарен музички концерт.  Хуманитарен карактер ќе има и спортскиот настан  кој ќе се одржи во петок во 13 часот, напоменува директорот  на средното училиште,  Наум Рилкоски, а потсетува и на други бројни активности. „ Спортскиот настан  „Со велосипед до похуман свет“ има хуманитарен карактер, а ќе...

Continue reading

otvoranje Leskoec-Skrebatno lokalna

И Локалната свечено го пушти патниот правец Лескоец-Скребатно

Post Views: 2 Локалната самоуправа на општина Охрид, предводена од градоначалникот, Александар Петрески, како дел од чествувањата по повод 7ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид, денес свечено го отвори патниот правец Лескоец-Скребатно. Градоначалникот Петрески, пред Лесковчани ја пресече црвената лента на овој пат кој минува низ самото село и води до излетничкото место Скребатно. Ова е второ свечено отворање на истиот патен правец за период од месец дена. Првиот пат, него свечено го пушти во употреба владината делегација по повод Денот на револуционерната борба, 11 Октомври....

Continue reading

orden

Добар повод за прием кај градоначалникот

Post Views: 28 Орденот „Златна есен-Сергеј Есенин“, кој годинава падна во рацете на поетот Славе Ѓорго Димоски е големо признание. Денес по тој повод, Димоски имаше посебен прием од страна на градоначалникот Александар Петрески, претседателот на Советот Душко Јаковчески, како и од раководителот на Секторот за образование Серафим Наумоски. Важноста на орденот е посебно значајна бидејќи доаѓа од Русија, земја која важи за една голема културна средина, каде литературата секогаш е во преден план, вели добитникот на орденот велестовскиот поет Димоски. „Со самиот орден мене ми е отпечатена...

Continue reading

turski caj

На чај во Охрид

Post Views: 3 Чајот во Турција е симбол на пријателство. Деновиве во земјава престојува турска делегација, по повод 100 годишнината од Балканските војни. Делегацијата воедно е и дел од кампањата на ЧАЈКУР, која во неколку града во Македонија меѓу кои и Охрид има промоција на турски чај. А во Охрид ги пречека почесниот конзул на Р. Турција Абдураман Бајрактар. Тој рече дека оваа посета е од огромно значење за земјава и дека се потрудиле да бидат добри домаќини. „Оваа посета е значајна за овој регион и дава можности за засилување на односите помеѓу двете земји“-истакна Бајрактар. Турската...

Continue reading

ansambl Biljana

60 години ансамбл „Билјана“

Post Views: 66 Неповторливите изведби на  старите охридски песни од нашиот познат ансамбл „Билјана“ овековечени преку нивните настапи, со години ги воодушевувале почитувачите на староградската музика. Овој пат по повод еден прекрасен јубилеј, мајсторските звуци на овој ансамбл ќе ни ги пренесат нивните подмладоци од групата „Билјана Јуниор“. „Ова е музички хепенинг по повод шеесет години постоење на ансамблот „Билјана“ кој го организираме ние, групата Билјана јуниор во нивна чест. Ќе се одржува во месноста Сараиште на 8 Септември со што воедно се приклучуваме и кон одбележувањето...

Continue reading

centar za kultura

Богата културна понуда по повод 8-ми септември

Post Views: 15   Центарот за култура Григор Прличев се подготвува достојно да го одбележи 8-ми септември, денот на независноста на Македонија. Програмата започнува вечерва во 20 часот со отварањето на светската изложба на Битолскиот монмартр. Директорката на центарот, Драгана Боцевска вели дека соработката со оваа ликовна колонија е од многу одамна па затоа одлучиле чествувањето по повод овој голем државен празник да го почнат токму со нивната изложба. Нејзина идеа е делата на малите уметници од светот барем еднаш годишно да бидат ставени пред очите на охридската јавност. Боцевска...

Continue reading

акција

Еколошка акција во ОУ „Кочо Рацин“

Post Views: 1 По повод Денот на пролетта- 21ви Март во ОУ Кочо Рацин – Охрид беше организирана еколошка акција – уредување на училишниот двор и училишните простории. Дел од учениците го чистеа училишниот двор од отпадоци а други садеа цвеќиња во саксии кои ќе ги разубават просториите во училиштето. Акцијата беше организирана во насока да се едуцираат младите генерации за одржување на чиста и убава животна средина.  {loadposition content9}

Continue reading

carsija

67 години слободен Охрид

Post Views: 26 Охрид и охриѓани го прославуваат денот на ослободувањето на Охрид, ден од историјата на македонскиот народ кој ни донесе слобода од фашистичкиот окупатор и отвори нова страница во развојот на нашиот град. „Заеднички го славиме овој голем ден и им оддаваме почит на учесниците во Народно – ослободителната и антифашистичка војна во Македонија, особено на оние кои ги положија своите животи за ние да живееме во слободна, самостојна и независна држава. Како генерација ние сме одговорни да го почитуваме она што со крв е спечалено, да ја чуваме слободата и независноста и да...

Continue reading

Ilinden

Охридските комити ја исполнија задачата

Post Views: 1 Илинден е празник над празниците. Под ова мото група од триесеттина млади охриѓани, членови на Здружението Христо Узунов, традиционално ја поминаа зацртаната траса од 102 километри – марш до Крушево. Охридските комити по девети пат зедоа учество на главната церемонија по повод 2-ри август, ден кој бележи двоен повод за прослава – 108 години од Крушевското востание и 67 години од првото заседание на АСНОМ. Шишкоски Никола од охридското здружение рече дека маршот поминал во најдобар ред, без проблеми по пат. Тој додаде дека иако се соочиле со лоши временски...

Continue reading

Еко хепенинг со планински чај од Галичица

Post Views: 1 По повод 21-ви јули Меѓународниот ден на Националните паркови општина Охрид -Сектор за урбанизам и заштита на животната средина во соработка со НП Галичица организира еко хепенинг. Еко хепенингот ќе се одржи на градскиот плоштад на 21-ви јули од 19 до 23 часот. Годинава овој ден ќе се одбележи со промоција на охридскиот планински чај од Галичица, при што на посетителите на штандот ќе им бидат поделени информативни флаери за правилно берење на планинскиот чај, а ќе може и да се проба вкусот на сварениот охридски планински чај. Проектот за Прослава на денот на националните...

Continue reading

raskaz konkurs

Општина Охрид го распиша конкурсот за најдобар расказ „Живко Чинго“

Post Views: 8 По повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Чинго“, Општина Охрид и оваа година распиша конкурс за најдобар расказ. Конкурсот за најдобар расказ ќе трае до 25 јули, жири-комисијата одлуката ќе ја соопшти на 8 август, а наградата на добитникот ќе му биде врачена на 13 август на традиционалната манифестација „Вечер на Чинго“ што се одржува во Велгошти. Според пропозициите, право на учество на конкурсот има секој полнолетен граѓанин на Македонија, а расказите за конкурсот треба да се достават најдоцна до 25 овој месец. Резултатите од конкурсот жири-комисијата...

Continue reading

Одбележан 80-тиот роденден на писателот Видое Видически

Post Views: 16 По тој повод Локалната самоуправа од Охрид и Медитеранската академија „ Браќа Миладиновци “ од Струга организираа заедничко чествување на неговиот јубилеј. Роденденски подарок од Локалната самоуправа од Охрид и Медитеранската академија      „ Браќа Миладиновци “  од Струга, за охридскиот писател и општествено-политичкиот работник Видое Видически е најновиот избор од поезијата  со наслов „Билје крај езерото“. Охридскиот градоначалник Александар Петрески по повод одбележувањето  80-ти роденден на Видое Видически  истакна дека денешниот скромен гест е најмалку што може...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top