Охридските комити ја исполнија задачата

Охридските комити достојни на традицијата. Тие и годинава, по деветти пат, тргнаа на марш до Крушево, со цел да се приклучат кон главното одбележување на  2-ри август, Илинден.

 |  Билјана Николоска  | 
Ilinden
Илинден

komitiИлинден е празник над празниците. Под ова мото група од триесеттина млади охриѓани, членови на Здружението Христо Узунов, традиционално ја поминаа зацртаната траса од 102 километри – марш до Крушево. Охридските комити по девети пат зедоа учество на главната церемонија по повод 2-ри август, ден кој бележи двоен повод за прослава – 108 години од Крушевското востание и 67 години од првото заседание на АСНОМ. Шишкоски Никола од охридското здружение рече дека маршот поминал во најдобар ред, без проблеми по пат. Тој додаде дека иако се соочиле со лоши временски услови проследени со многу дожд, успеале да бидат доследни кон целта, а тоа е љубовта према чествувањето на овој голем празник кога се положени темелите на македонската државност. Шишкоски рече дека е задоволен од приемот на организаторите и дека тие ја исполниле задачата.

Годинава за прв пат Локалната самоуправа од Охрид не го поддржала маршот. Шишкоски појасни дека некој се обидел да ја замеша политиката и во оваа традиционална манифестација, но тие како невладина организација не го дозволиле тоа.

Годинава на охридските комити на маршот до Крушево им се приклучија и членови од Друштвата на Македонци од Тирана и Србија.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top