Ознака: повод

Литургии по повод „св. Петка“ и „св. Климент Охридски и св.вмч. Пантелејмон“

Post Views: 8 Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 08. август 2019 година (четврток), во 08:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија во параклисот „св. Петка“, во манастирот „св. Наум Охридски“ – Охрид, по повод празникот „Преп.мч-чка Параскева (Петка)“. На литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски и администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј. Истиот ден вечерта во 19:00 часот ќе се служи празнична вечерна богослужба во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник...

Continue reading

Градоначалникот на Дебрца Зоран Ногачески упати честитка по повод “Св. Климент Охридски”

Post Views: 3 Градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески по повод празнувањето на Св. Климент Охридски, упати честитка до сите православни христијани. Со зборови си ги упатил народите кон верата Божја, со делата си се издигнал, преблажен, кон божествен и блажен живот. Со чудеса си ги просветил оние што пристапуваат со вера кон Тебе, преславно осветлувајќи ја темнината со знаменија. Заради тоа го славиме твојот божествен спомен Клименте. Слава Тебе Клименте ! Честит празник ! – се вели во честитката на Ногачески.

Continue reading

Честитка на градоначалникот Пецаков по повод празникот Св. Сава

Post Views: 13 Градоначалникот Кирил Пецаков, по повод празникот Свети Сава упати празнична честитка до припадниците на српската заедница. „ Со најискрени желби за здравје, мир и благосостојба упатувам срдечни честитки до сите припадници на српската заедница по повод големиот празник Свети Сава, првиот српски архиепископ и просветител. Ваквите празнични денови се можност да испратиме силни пораки за поголема почит и соработка. Сполотени во нашето мултиетничко општество се надевам дека и во иднина ќе продолжиме да ги чуваме и унапредуваме пријателствата, како основа за поголем напредок...

Continue reading

ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ ДО СРПСКАТА ЗАЕДНИЦА ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ СВ.САВА

Post Views: 3 Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески упати честитка до српската заедница и до останатите припадници од православна вероисповед што го празнуваат големиот христијански празник Св. Сава. -Дозволете ми, на сите припадници на српската заедница во Охрид и во Република Северна Македонија да им го честитам празникот посветен на големиот просветител, Св. Сава. Посакувам овој ден да ви помине во добро здравје и убаво расположение во кругот на семејството. Негово одбележување е придонес кон почитување на различните културни особености на сите заедници во нашето општество....

Continue reading

Богослужби по повод празникот „Св. Еразмо“

Post Views: 0 Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 14-ти јуни, среда, во манастирот „Свети Еразмо“, со почеток во 19.00 часот, ќе се служи празнична вечерна богослужба по повод празникот Свети Еразмо Охридски. Ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј. На 15-ти јуни, четврток, со почеток во 9.00 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Вископреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски...

Continue reading

Започна украсувањето по повод одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление-Водици

Post Views: 2 Викендов екипите на ЈП “Охридски Комуналец” поставуваат државни и верски знамиња во чаршијата и главните улици, кои водат кон градското пристаниште. Годинава Богојавление-Водици нема да се прославува на традиционален начин со фрлање крст во охридските води. Празникот Водици ќе биде одбележан само во црковните храмови со утрински богослужби. Општина Охрид, уште еднаш упатува апел до граѓаните при посета на верските објекти да се придржуваат кон здравствените протоколи, задолжително да носат маска, оддржуваат дистанца и ги дезинфицираат рацете.

Continue reading

Литургија по повод празникот Св. Атанасиј Велики

Post Views: 1 Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 15 мај 2017 година (понеделник), во метохот на манастирот Св.Наум – „Св.Атанасиј Велики“ – Љубаништа, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Пренос на моштите на Св.Атанасиј Велики“, со почеток во 8.45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј. Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на за-едничко прославување на овој празник.

Continue reading

London

Хуманитарен пост во Велика Британија

Post Views: 1 Повеќе од 20.000 Британци постат пет дена по повод кампањата за собирање средства за лекување на маларијата. Се очекува за време на кампањата секој Британец кој пости и се прехранува со нешто повеќе од едно евро, треба да собере вкупно 500 фунти кои ќе ги донира за кампањата. Иницијативата за борбата против маларијата започна во 2009 година во Австралија и постепено се шири во САД, Нов Зеланд и Канада. {loadposition content9}

Continue reading

Свети архиерејски литургии по повод празникот „Св. ап. и ев. Лука и Св. Константин Кавасила

Post Views: 0 Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 31. oктомври 2020 (сабота), во манастирот „Св. Наум Охридски“ – Охрид, по повод празникот „Св. ап. и ев. Лука и св. Константин Кавасила“, со почеток во 8:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија. Исто така на 01. Ноември 2020 (недела), во манастирот „Св. Наум Охридски“ – Охрид, по повод празникот „Преп. Прохор Пчински и прен.на мошти на Св. Јован Рилски“ ќе се служи света архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски...

Continue reading

Утре во црквата „Света Софија“ – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Св.мч-ки Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија“

Post Views: 7 Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 30. Септември 2020 година (среда), во катедралната црква „Света Софија“ – Охрид, со почеток во 09:00 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Св.мч-ки Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија“. На светата литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј. Поради настанатата состојба со корона вирусот КОВИД-19, ги известуваме верниците кои сакаат да дојдат и присуствуваат на...

Continue reading

ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА

Post Views: 0 Градоначалникот Константин Георгиески упати честитка по повод Денот на независноста на Република Северна Македонија-8-ми Септември. – Денешниот голем празник е доказ за истрајноста и одлучноста на нашиот народ да изгради слободна, независна и суверена држава. Пред точно 29 години македонските граѓани донесоа историска одлука со која беше исполнет вековниот стремеж и беше остварен сонот на многу наши предци. Водени од желбата и плановите за обезбедување на подобри услови за живеење во сите сегменти на општеството, продолжуваме посветено да ја градиме нашата држава Република...

Continue reading

ekipa

Екипата на ПС за безбедност во патниот сообраќај, најдобра во фудбал

Post Views: 7 Екипата на полициската станица за безбедност во патниот сообраќај од Охрид е севкупен победник на турнирот во мал фудбал организиран од СВР Охрид по повод 7 мај денот на македонската полиција. Тие, во вчерашниот финален натпревар со фудбалската екипа од полициската станица од општа надлежност Охрид, на пенали извојуваа победа со резултат 3:2.  Победничката екипа доби пехар за освоено прво место на турнирот во мал фудбал како и признанија за учество и постигната победа. Оваа спортска манифестација беше дел од повеќето планирани активности со кои СВР Охрид  го одбележа...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top