Одбележан 80-тиот роденден на писателот Видое Видически

Одбележан 80-тиот роденден на македонскиот и охридскиот писател Видое Видически.

 |  Валентина Неловска  | 

По тој повод Локалната самоуправа од Охрид и Медитеранската академија „ Браќа Миладиновци “ од Струга организираа заедничко чествување на неговиот јубилеј. Роденденски подарок од Локалната самоуправа од Охрид и Медитеранската академија      „ Браќа Миладиновци “  од Струга, за охридскиот писател и општествено-политичкиот работник Видое Видически е најновиот избор од поезијата  со наслов „Билје крај езерото“.


Охридскиот градоначалник Александар Петрески по повод одбележувањето  80-ти роденден на Видое Видически  истакна дека денешниот скромен гест е најмалку што може да се направи и одолжи градот за  заслугите кои ги  има писателот за неговиот град. Петрески  вети дека локалната самоупрва ќе продолжи со напорите за понатамошен  успешен развој на градот.
Иницијатор за одбележувањето на јубилејот 8 децени од раѓањето на писателот и општествениот  работник Видое Видически е м-р Разме Кумбароски, претседател на Медитеранската академија „ Браќа Миладиновци“  од Струга. Кумбароски  му посака на писателот уште многу години творечка инспирација.
Видое Видически е поет, прозаист и драмски автор. Извршувал и  бројни општествени функции. Оснивач и прв директор на Околинскиот архив во Охрид, основач и прв директор на Радио Охрид.  Бил директор на Домот на култрура, и еден од иницијаторите за формирање на фестивалот Охридско лето. Организатор е и на манифестацијата „Прличеви беседи“ која се одржува во чест на големиот поет Григор Прличев.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top