Ознака: пласман

cardif

„Кардиф Сити“ се враќа во Премиер лигата

Post Views: 6 Ремито без голови на домашен терен со Чарлтон на Кардиф Сити му донесе пласман во Премиерлигата по пауза од точно 51 година. Дел од следното издание на Премиер лигата за прв во историјата на елитното англиско фудбалско натпреварување ќе бидат два клуба од Велс. За тоа синоќа се изборија играчите на Кардиф Сити, кои одиграа без голови на домашен терен со Чарлтон и со тоа се вратија во елитата од која последен пат испаднаа уште далечната 1962. година, кога заедно со нив во понизок ранг испадна и тимот на Челси.Со тој освоен бод против Чарлтон некогашните „сини птици“, ...

Continue reading

strelci

Нов државен рекорд во стрелање низ нишанот на Михаил Шишкоски

Post Views: 2 Михаил Шишкоски е  трикратниот државен првак и репрезентативец од стрелачкиот клуб „Охрид“ кој деновиве постигна одличен успех. Со 594,5 погодени круга, Шишкоски успеа да го собори државниот рекорд во стрелање со воздушна пушка, и не само да го собори туку и да го подобри за цели 6,2 поени. Тој вели дека е навистина среќен што успеал да го постигне ова големо достигнување особено што тоа е остварено во сериозна конкуренција. „На овој натпревар учествуваа сите клубови што се натпреваруваат во меѓународна програма од Република Македонија. Конкуренцијата беше голема, но...

Continue reading

fudbal

Македонија Данска 3:0

Post Views: 2 Ширум светот, синоќа се одиграа голем број пријателски натпревари, кои за фудбалските селекции се последен тест пред продолжување на квалификациите за пласман на Светското првенство. Македонската репрезентација, со фуриозна игра во првото полувреме, ја прегази Данска со 3:0. Покрај Македонија, победи во контролните натпревари забележаа и останатите пет селекции кои се натпреваруваат во А-групата. Хрватска, во Лондон, ја победи Јужна Кореја со 4:0, Србија на Кипар се радуваше со 3:1, Шкотска минимално ја победи Естонија со 1:0, додека победи од 2:1 забележаа Велс над...

Continue reading

Sebastijan Fetel

Фетел прв во Бахреин

Post Views: 12 Формула 1 шампионот Себастијан Фетел се врати на врвот во генерален пласман остварувајќи ја првата победа за Ред Бул во оваа сезона на интересната трка во Бахреин. Со 22. победа на 24-годишниот Германец, и прва во кралството во Персискиот Залив, формула 1 сега има четири победници во првите четири не-европски трки. Тој добро се испоти во последните кругови во борбата со светскиот шампион од 2007, Кими Раиконен, кој заврши втор пред својот колега Роман Грожан, во фантастичен резултат за тимот на Лотус, додека четврти беше Марк Вебер во вториот Ред Бул, и сега има четири...

Continue reading

vaterpolo mk

И ватерполистите на квалификации за ЛОИ во Лондон

Post Views: 3 Македонската ватерполо репрезентација потврди дека ќе учествува на квалификацискиот турнир во Едмонтон, Канада, за место на Олимписките игри, откако доби покана по откажувањето на селекцијата на Нов Зеланд. Со ова тие се трета македонска селекција, по кошаркарите и ракометарите, кои ќе се борат за учество на претстојната Олимпијада во Лондон.На квалификацискиот олимписки турнир ќе настапат 12 селекции, а виза за Лондон обезбедуваат најдобрите четири. Турнирот ќе се одржи од 1. до 8. април, а жрепката на групите е закажана за 19 февруари во Лондон. Македонските ватерполисти...

Continue reading

Stanic

Станиќ: „Среќен сум што нема да бранам со Македонија“

Post Views: 5 Голманот на македонскиот шампион, Металург, Дарко Станиќ е убедливо најдобриот поединец на селекцијата на Србија на актуелното Европско првенство 2012, најзаслужниот за веќе осигураниот пласман на Србите во полуфиналето на шампионатот. Но, според најавите на српскиот селектор Веселин Вуковиќ дефинитивно е еден од оние првотимци кои ќе одмораат на денешната средба со нашата репрезентација… А, тоа, како што самиот вели, го прави среќен токму Дарко Станиќ кој искрено сака  Македонија да дојде до што подобри резултати на првенството. „Бидејќи денешниот натпревар...

Continue reading

rakomet Srbija

Според „Handball-Planet“ Македонија ќе биде 12-та

Post Views: 0 Најпрестижниотсветски ракометен интернет портал „Handball-Planet“ изработи завршна анализа пред стартот на престојното Европско првенство 2012 во Србија.Според нивните прогнози и анализи репрезентацијата на Македонија ќе ја мине првата фаза од натпреварите на шампионатот но на крајот ќе заврши на 12-то место меѓу најдобрите селекции на Стариот континент. „Македонската инвазија на Ниш е подготвена. Веќе се подготвува армија од 3000 навивачи. Како и во Хрватска пред три години Македонците ќе бидат на крилјата на своите навивачи што ќе биде доволно да се победи Чешка за...

Continue reading

antic

Амбициозно во втората фаза

Post Views: 7 Македонската кошаркарска репрезентација веќе е на пат кон Вилнус, каде што ќе ги продолжи натпреварите од втората фаза на Европското првенство во Литванија. Избраниците на Докузовски синоќа против Босна и Херцеговина ја забележаа четвртата победа на Евробаскетот. Селекторот смета дека и во оваа победа повторно клучна била одбраната. „Иако можеше да се почувствува замор кај играчите на двете екипи, сметам дека одигравме добар натпревар, што беше решен пред сè поради нашата добра одбрана“, изјави Докузовски по вчерашниот натпревар. Фаворизираните репрезентации на Црна...

Continue reading

Охридските ракометари ќе се борат за пласман во плејофот

Post Views: 1 Во супер лигата за мажи, утре во 19 и 30 часот во СРЦ „Билјанини Извори“ охридските ракометари ќе си ги одмерат силите со Еурофарм Работник од Битола. Овој дерби натпревар од 11 тото коло е од исклучителна важност за охридскиот клуб вели претседателот на клубот Љупчо Танески. „ Победа на овој натпревар ќе значи и 90 % учество на РК Охрид во плејофот, ако е рано да се зборува за тоа“ Тренерот на РК „Охрид 2013“ Горан Андоновски, очекува сигурен пласман во плејофот. Тој рече дека и покрај тековните проблеми со кои се соочува клубот, бележат позива со многу добиени утакмици. „Сите...

Continue reading

vaterpolo

Македонските ватерполисти се пласираа на ЕП во Хрватска

Post Views: 3 Грција ја победи Франција со 14-7 и не се коцкаше со сопственото реноме, да си дозволи да им пушти на „триколорите“, само за да ја исфрлат Македонија од ново учество на ЕП. Вакво стравување имаше поради нашите односи со јужниот сосед, но тој спортски покажа фер-плеј и својата фаворитска улога си ја потврди во базенот во Волос. Македонија ја победи Словенија пред овој меч со 7-4 и ја забележа втората победа на квалификацискиот турнир, па се остана во раце на јужните соседи. Во случај да победеше Франција, ќе се направеше група од три селекции со ист скор, во кој Македонија...

Continue reading

cresa

Сериозен пласман на охридската цреша само со здружување на земјоделците од регионов

Post Views: 6 Здружување и окрупнување на охридските земјоделци за сериозен пласман на охридската цреша долгошишка. Вака смета Ванчо Стојаноски кој е дел од земјоделците кои ја започнаа реализацијата на идејата за формирање на земјоделска задруга како правен субјект. Стојаноски вели дека ако земјоделците од регионов сакаат да обезбедат сигурен пласман на црешата, тогаш мора да размислуваат на здружување бидејќи според него тешко дека истите би можеле да ја покријат големата побарувачка од земјите од Европската Унија. „Со здружувањето веќе добар дел од условите за извоз во Европската...

Continue reading

reprezentacija

Одиме на повисок пласман

Post Views: 0 Македонската кошарска репрезентација се пресели во полскиот град Бидгошч каде денеска со мечот против Франција ја почнува битката за висок пласман на Европското првенство (ЕП). По двата порази, против Грција и Хрватска, и победата против Израел, репрезентацијата на Македонија обезбеди историски пласман во втората фаза, и можност за уште еден подвиг, да обезбеди учество на Светското првенство. За таа цел, според пресметките, би биле потребни две победи во групата Е, во која покрај Грција и Хрватска се и новите противници – актуелниот европски првак Русија, Франција...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top