Според „Handball-Planet“ Македонија ќе биде 12-та

Најпрестижниотсветски ракометен интернет портал „Handball-Planet“ изработи завршна анализа пред стартот на престојното Европско првенство 2012 во Србија.

 |   | 
rakomet Srbija
rakomet Srbija

Најпрестижниотсветски ракометен интернет портал „Handball-Planet“ изработи завршна анализа пред стартот на престојното Европско првенство 2012 во Србија.
rakomet Srbija
Според нивните прогнози и анализи репрезентацијата на Македонија ќе ја мине првата фаза од натпреварите на шампионатот но на крајот ќе заврши на 12-то место меѓу најдобрите селекции на Стариот континент.

„Македонската инвазија на Ниш е подготвена. Веќе се подготвува армија од 3000 навивачи. Како и во Хрватска пред три години Македонците ќе бидат на крилјата на своите навивачи што ќе биде доволно да се победи Чешка за пласман понатаму. Во секој случај ќе биде интересно да се види овој тим на Македонија, заедно со нивните верни навивачи, пишува „Handball-Planet“.

Според предвидувањата, на „Handball-Planet“ европски шампион ќе биде Франција, пред Данска, Шпанија и Србија.

Еве како ќе биде конечниот пласман според „Handball-Planet“
1. Франција
2. Данска
3. Шпанија
4. Србија
5. Хрватска
6. Полска
7. Исланд
8. Шведска
9. Германија
10. Унгарија
11. Словенија
12. МАКЕДОНИЈА

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top