Македонија Данска 3:0

Ширум светот, синоќа се одиграа голем број пријателски натпревари, кои за фудбалските селекции се последен тест пред продолжување на квалификациите за пласман на Светското првенство.

 |  Голабовски Крсте  | 
fudbal
фудбал

Ширум светот, синоќа се одиграа голем број пријателски натпревари, кои за фудбалските селекции се последен тест пред продолжување на квалификациите за пласман на Светското првенство.
 
fudbalМакедонската репрезентација, со фуриозна игра во првото полувреме, ја прегази Данска со 3:0. Покрај Македонија, победи во контролните натпревари забележаа и останатите пет селекции кои се натпреваруваат во А-групата. Хрватска, во Лондон, ја победи Јужна Кореја со 4:0, Србија на Кипар се радуваше со 3:1, Шкотска минимално ја победи Естонија со 1:0, додека победи од 2:1 забележаа Велс над Австрија, односно Белгија над Словачка.

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Чедомир Јаневски, не го криеше задоволството по брилијантната победа од 3:0 над Данска, во пријателскиот натпревар, но повика на претпазливост за претстојниот меч со Белгија.
Данска, на ФИФА листата се наоѓа на 23-то место.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top