Сериозен пласман на охридската цреша само со здружување на земјоделците од регионов

Интерес за охридската цреша има од Русија, Шпанија, Германија па и Дубаи.

 |  Мишел Наумоски  | 
cresa

Здружување и окрупнување на охридските земјоделци за сериозен пласман на охридската цреша долгошишка. Вака смета Ванчо Стојаноски кој е дел од земјоделците кои ја започнаа реализацијата на идејата за формирање на земјоделска задруга како правен субјект. Стојаноски вели дека ако земјоделците од регионов сакаат да обезбедат сигурен пласман на црешата, тогаш мора да размислуваат на здружување бидејќи според него тешко дека истите би можеле да ја покријат големата побарувачка од земјите од Европската Унија.

ohridska cresa„Со здружувањето веќе добар дел од условите за извоз во Европската Унија ги исполнувате бидејќи сте веќе правен фактор, производството може да се контролира, тука во секој случај во пресрет излегува и владата со тоа што на релативно мали задруги овозможува плаќање на лице кое ќе ја води задругата, исто и лице агроном што е предуслов за извоз во ЕУ бидејќи морате да имате соодветно лице за третманите за да исполнувате одредени регулативи. Не би бил никаков проблем, сите тие проблеми ќе се решаваат со самото здружување постапно.“-вели земјоделецот Ванчо Стојаноски.

Стојаноски вели дека привршуваат процедурите за регистрирање на земјоделската задруга која воедно ќе биде и прва од ваков вид во земјава. Додава дека земјоделците мора да го сменат начинот на размислување и да чекаат некој да ги откупи нивните производи, туку тие самите да се трудат да си пронајдат пласман. Формирањето на задругата според него е првиот и најважен чекор во тој процес.

cresa„Јас се надевам тука се ќе биде во ред, ќе се охрабрат уште после оваа година тие што веќе произведуваат цреши или планираат да произведуваат. Преку здружување многу бенефити имаат земјоделците. Не само за организиран откуп на нивниот производ туку и споделување на информации, набавка на репроматеријали по релативно пониска цена и со посигурен квалитет, набавка на опрема субвенционирана, и во секој случај здружувањето значи намалување на трошоците, зголемување на приносите и на квалитетот.“-рече тој.

Стојаноски појаснува дека моменталното производство на цреша не може да одговори на побарувачката, а интерес постои од Русија каде веќе се извезува брендираната охридска цреша, како и од Шпанија и Германија.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top