Станиќ: „Среќен сум што нема да бранам со Македонија“

Голманот на македонскиот шампион, Металург, Дарко Станиќ е убедливо најдобриот поединец на селекцијата на Србија на актуелното Европско првенство 2012, најзаслужниот за веќе осигураниот пласман на Србите во полуфиналето на шампионатот.

 |   | 
Stanic

Но, според најавите на српскиот селектор Веселин Вуковиќ дефинитивно е еден од оние првотимци кои ќе одмораат на денешната средба со нашата репрезентација… А, тоа, како што самиот вели, го прави среќен токму Дарко Станиќ кој искрено сака  Македонија да дојде до што подобри резултати на првенството.

„Бидејќи денешниот натпревар ништо од резултатски аспект не значи за нас, тренерот веќе ми најави дека нема да бранам против Македонија. А, тоа да бидам искрен ме прави среќен затоа што и јас не сакам да ги покажам своите квалитети против Македонија со која сега сум и тоа како поврзан“ – изјавил Станиќ.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top